Работилницата е закажана на 30.11.2019 , на Универзитетот на Југоисточна Европа, во просториите на Факултетот за Бизнис и Економија, од 10.30-14.30.
Срдечно ги покануваме сите наставници по англиски јазик, како и други јазици, студенти на магистерските и докторските програми, како и други колеги кои би сакале да присуствуваат на релевантни презентации од областа на настава по англиски како странски јазик. На учесниците, како и на презентерите, ќе им бидат издадени сертификати. Учеството е бесплатно.
За повеќе детали, како и програмата, проверете го следниов линк: http://bit.ly/35cLhb0
Пријавувањето трае до 26.11.2019. За да се пријавите, ве молиме испратете порака на следнава адреса: sh.mustafai@seeu.edu.mk.
