Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Разбирање на територијалните реформи и системот на локалната самоуправа во Северна Македонија

Предавање и дискусија

Институтот „Макс ван дер Штул“ во соработка со Факултетот за современи општествени науки ќе ги пречекаат студентите од Варшавскиот универзитет во среда на 29. мај 2019 година.

Оваа студиска посета е организирана под раководство на професор Павел Свенивич за да им понуди на студентите можност да научат повеќе за искуствата на Северна Македонија за територијални реформи и за системот на локалната самоуправа.

За време на студиската посета професорот и директорот на Институтот МВДС Вели Креци ќе одржат предавање на тема „Разбирање на територијалните реформи и системот на локалната самоуправа во Северна Македонија“.

Предавањето проследено со дискусија од студентите ќе се одржи во просториите на Институтот „Макс ван дер Штул“ во среда, на 29. мај, во 10:30 часот.

Google+