Ни претставува чест и задоволство да Ви ја најавиме следната дебата на тема „Ајде да зборуваме за даноци!” која ќе се одржи на 17. април, со почеток од 10:00ч, во Конференциската сала на Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово.
На дебатата, студентите ќе имаат можност да зборуваат за даноци, видови и форми на даночни стапки, нивни предности и недостатоци, карактеристиките и ефектите на прогресивниот данок врз социо-економските текови во државата со:
- Министерот за финансии – г. Драган Тевдовски,
- Ректорот на Универзитетот на ЈИЕ - Акедемик Абдулменаф Беџети, како и
- претставници од Управата за јавни приходи.
Учество во дебатата ќе имаат и професори и експерти на темата, при што ќе се креираат услови за аргументирана дебата и поттикнување на студентите да земат активно учество во овие процеси во иднина.