Д-р Роберт Д. Хисрих, меѓународно реномираниот професор по претприемништво, ќе одржи предавања за докторантите на Универзитетот на Југоисточна Европа (предмет: Претприемачки менаџмент - напредно ниво).
Предавањата ќе бидат отворени и за магистрантите, поранешните студенти и за вработените на УЈИЕ кои се заинтересирани да дознаат повеќе за современите претприемачки предизвици во различни контексти.
Предавањата ќе се одржат на 09, 10 и 11 април 2019 година од 17:30 до 20:00 часот во Кампусот на УЈИЕ во Скопје.
Роберт Д. Хисрихе Bridgestone професор по Меѓународен маркетинг и помошник-декан за последипломски и меѓународни програми на Колеџот за бизнис-администрација на Државниот Универзитет во Кент. Дипломирал на Универзитетот „Де Пау“, а магистрирал и докторирал на Универзитетот во Синсинати. Истражувачката дејност на професорот Хисрих е фокусирана на претприемништвото и создавањето нови бизниси, како на пример: претприемачка етика, корпоративно претприемништво, претприемништво на жените и малцинствата, претриемничко финансирање, глобални деловни потфати и сл. Тој предава предмети и одржува семинари во овие области, како и за маркетинг-менаџмент и планирање и развој на производи. Неговиот глобален интерес за менаџментот и претприемништвото резултираше со две Фулбрајт-стипендии во Будимпешта, Унгарија, почесна титула од Државниот универзитет во Чуваши (Русија) и од Универзитетот во Мишколц (Унгарија). Тој е и визитинг-професор на различни универзитети во Австрија, Австралија, Кина, Ирска и во Словенија.
Професорот Хисрих е автор/коавтор на 46 книги или нивни изменети изданија, вклучувајќи: Governpreneurship; Воспоставување просперитетен претприемачки дух во Владата (2013); Управување со иновации и претприемништво (2013); Технолошко претприемништво (2015, второ издание); Претприемачки финансии (2015); Меѓународно претприемништво (2016, трето издание); Напреден вовед во корпоративно претприемништво (2016); Ефективен претприемачки менаџмент (2017); Претприемачки маркетинг (2018) и Претприемништво (2019, 11. издание, преведена на повеќе од 15 јазици).
Професорот Хисрих е член на редакциски одбори на неколку истакнати списанија од областа на претприемништвото, неколку одбори на директори и е автор или коавтор на повеќе од 300 научни трудови кои се појавуваат во списанија како што се: Journal of Marketing, Journal of Marketing Research, Journal of Business Venturing, Journal of Developmental Entrepreneurship, and Entrepreneurship Theory and Practice.
