На 19. март 2019 година, со почеток во 16:00 часот, на Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, ќе започнат натпреварите од Купот на матуранти. Учесници на турнирот ќе бидат фудбалски екипи од матуранти од сите средни училишта во Тетово. Финалниот натпревар ќе се одржи на 30 март 2019 година, во рамките на активностите на манифестацијата „Отворен ден“.
Првите три екипи ќе бидат наградени со медали и со пехар.
