Специјалниот јавен обвинител г-ѓа Катица Јанева ќе одржи предавање за отворените постапки од Канцеларијата на специјалното јавно обвинителство на Македонија, со цел информирање на кадарот и на студентите за улогата на оваа институција во развојот на владеењето на правото во Македонија.
Предавањето ќе се одржи на 19. декември 2018 година, со почеток во 11:00 часот, во амфитеатар 1 во Кампусот на УЈИЕ - Скопје.