Почнувајќи од 15. ноември 2018 година, Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово ќе продолжи со втор циклус на реализација на програмата „Обука за подготвување на правосудниот испит“. Обуката е акредитирана од Одборот за акредитација и евалуација на високото образование на Република Македонија и претставува иновација на Правниот факултет – УЈИЕ разликувајќи го истиот од другите правни факултети во земјата.
Правосудниот испит им ги проширува можностите за афирмација на дипломираните правници во смисла на остварување на нивните обврски и интереси, за кои положувањето на овој испит претставува задолжителен услов. Оттука, следејќи го искуството на современите правни факултети, кои приоритет му даваат на практичното обучување на кадрите, сметаме дека е разумно на студентите како и на другите заинтересирани кандидати, да понудиме обука за подготвување на правосудниот испит.
Краен рок за пријавување е до: 12. ноември 2018 год.
За повеќе информации: Подготвување на правосудниот испит.
