Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа, на 25 мај 2018 год. ја организира втората меѓународна научна конференција на тема “Бизнис образование во 21 век ". Конференцијата ќе се одржи на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (ЦРБ - Ректорат), со почеток во 11:00 часот.