Факултетот за современи општествени науки во соработка со Институтот "Макс ван дер Штул" во рамките на Универзитетот на Југоисточна Европа ќе одржат меѓународна конференција на тема „Управување со јавниот сектор: предизвици и перспективи“ од 4- 5 мај 2018год. Конференцијата ќе се одржи на кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (ЦРБ - Ректорат), со почеток во 10:00 часот.