Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Јавен повик бр. 02/052011

Набавка на опрема и други пропратни активности за апсолвентската церемонија (деталите околу видот на материјалите се наведени во спецификација).

1. Набавувач

1.1. Набавувач: Универзитет на Југоисточна Европа- Тетово

2. Предмет на набавка

2.1. Набавка на опрема и други пропратни активности за апсолвентската церемонија (деталите околу видот на материјалите се наведени во спецификација).

2.2. Предметот нанабавка не е делив.

2.3. Повикот е отворен, со право на учество на сите домашни и странски правни и физички лица регистрирани за дејноста која е предмет на набавката.

3. Обем на набавката и подигање на тендерска документација.

3.1. Обемот и видот на набавката е даден во тендерската документација.

3.2. Повеќе детали во врска со јавниот повик може да добиете преку е-пошта: procurement@seeu.edu.mk

4. Содржина на понудата

4.1. Понудата треба да содржи име, адреса, седиште на понудувачот, број на жиро сметка, даночен број и банка депонент;

- Потврди (сертификати) издадени од надлежни органи, организации или други правни лица за контрола на квалитет со кои ќе се потврди сообразноста на производот;

4.2. Понудата треба да биде пополнета во формуларот, во прилог на веб страницата на Универзитетот.

Во крајната цена да бидат пресметани и транспортот, доколку е странска фирма и другите давачки и трошоци.

4.3. Доколку како понудувач се јави странско правно или физичко лице, понудата треба да биде преведена на македонски јазик или албански јазик, а цената може да се изрази и во друга (конвертибилна) валута која се пресметува според курсната листа на Народна банка на Република Македонија (среден курс), што се применува на денот на отварање на понудите.

4.4. Понудата треба да содржи рок и начин на плаќање – само еден недвосмислено дефиниран.

4.5. Понудата треба да има рок на важност 120 дена.

5. Документација која понудувачот ја приложува кон понудата и со која ја докажува својата финансиска и економска способност.

- Документ за регистрирана дејност издаден од Централниот Регистар на Република Македонија (за правно лице), за дејноста за која ја доставува својата понуда;

- Дозвола од надлежен орган за работење (дејност) за физичко лице;

-Документ за бонитет на понудувачот издаден од Централниот Регистар на Република Македонија;

- Потврда дека не е отворена постапка за стечај – Потврда од надлежен суд;

- Потврда дека не е отворена постапка за ликвидација;

- Уверение дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција –забрана за вршење на професија,дејност или должност,односно привремена забрана за вршење одделна дејност (уверение од надлежен суд);

- Потврда од Управата за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки.

-Писмена изјава дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничкка организација,корупција, измама или перење пари;

Горенаведените документи не смее да бидат постари од 6 месеци, а се доставуваат во оригинал или копија заверена на нотар.

Странско правно или физичко лице ги доставува горенаведените документи издадени од соодветни институции од странство.

Ревизорскиот извештај и другите документи издадени од соодветни институции од странство и на странски јазик треба да бидат преведени на македонски јазик и заверени на судски преведувач.

Понудите кои не ги содржат горенаведените документи ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.

6. Документи со кои понудувачот ја докажува својата техничка способност.

- Список на извршени набавки од видот на материјалите за кои ја поднесуваат својата понуда, извршени во последните три години, со износите, датумите и корисниците (референтна листа), според условите од тендерската документација;

- Потврда издадена од набавувач за кого е извршена претходната набавка на материјали во последните три години за соодветноста, навременоста и квалитетното извршување на набавката од страна на понудувачот.

7. Критериуми за избор на најповолен понудувач по сите точки од точката 3. Предмет на набавката

- Квалитет;

- Цена;

- Креативност;

- Препораки;

- Начин и рок на плаќање;

- Рок на испораката.

Врз основа на горенаведените критериуми се избира економски најповолна понуда.

8. Начин и рок на доставување на понудите

Понудувачот треба да ја достави понудата во еден оригинален примерок со наведена ознака “Не отворај“, кој треба да биде потпишан од страна на одговорното лице на понудувачот. Во затворениот плик треба да има уште два затворени пликови. Едниот затворен внатрешен плик да ја содржи понудата и наведена ознака “Понуда“ а пак другиот плик ја содржи потребната документација и наведена ознака “Документација“ и точната адреса на понудувачот.

Понудите кои не ги содржат сите податоци назначени во повикот, односно кон кои не е приложена бараната придружна документација, ќе се сметаат за некомплетирани и нема да се разгледуваат.

Рокот на доставување на понудата е најдоцна до 27.05.2011година до 16:00 часот.

Понудите што ќе се доставаат по истекот на наведениот рок нема да бидат разгледувани.

Понудите може да се достават по пошта на адреса: Универзитет на Југоисточна Европа, “Илинденска” бб. 1200 Тетово или да се предаде во архивата на Универзитетот на ЈИЕ, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

9. Завршни одредби

9.1. Понудите кои нема да бидат доставени до утврдениот рок и оние кои не се изработени според барањата на Јавниот повик нема да се разгледуваат.

Формулар

Спецификација

Google+