Министерството за образование и наука информира дека е објавен јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира добивање на месечен паричен надоместок од околу 2400 денари за 9 месеци во годината.
Рокот за пријавување за тековните студенти е од 25 ноември до 3 декември 2022 година.
Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи, кои се државјани на Република Северна Македонија.
Повеќе информации имате на следниот линк