COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Повик за именување на двајца членови од одборот на Университетот од заедницата во Република Северна Македонија

Согласно со Статутот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Комитетот за назначување на Одборот на Универзитетот објавува повик за изразување интерес од квалификувани лица од Република Северна Македонија (РСМ) за пополнување на двете слободни позиции како членови на Одборот од заедницата со мандат од 1 септември 2020 година .

Едната позиција е отворена за кандидати кои доаѓаат од здруженија или од академската заедница во РСМ, а кои немаат судир на интереси со институцијата. Другата позиција е отворена за кандидати кои доаѓаат од деловната заедница во РСМ.

Кандидатите не треба да бидат вработени на Универзитетот. Тие треба да имаат докажан конкретен придонес во високото образование и во науката.

Првиот мандат е четири години. Во согласност со Статутот, ниту еден член не може да биде назначен или повторно назначен откако ќе наполни 70 години.

За да биде квалификуван за назначување, поединецот мора, како што е веќе наведено, на 1 септември 2020 година да биде на возраст под 70 години. Комитетот за назначување сака да привлече кандидати кои имаат квалификации и / или имаат професионално искуство (на пример како редовен професор, вработен во Министерството, Агенцијата за обезбедување на квалитет или висок професионалец во деловниот сектор) за кои Комисијата смета дека се соодветни за позицијата. Работењето на Одборот на Универзитетот е на англиски јазик, еден од трите работни јазици на Универзитетот, другите се албански и македонски, така што флуентноста на англиски јазик е специфичен услов.

Универзитетот на ЈИЕ, приватно-јавен непрофитен фискален субјект, е единствена институција во РСМ, потпирајќи се во голема мерка на школарини, но добива и значаен елемент на финансирање од Владата. Седумчлениот универзитетски одбор е и тело кое не е присутно на јавните универзитети. Работи според правилниците кои се изведени од Законот за високото образование, Статутот на Универзитетот и од меѓународните стандарди, со инкорпорирање на современиот етички кодекс, подготвен од рамката на Советот на Европа - „ETINED“. Одборот сам или во одредени случаи делувајќи преку Извршниот комитет(i) врши целосна контрола на стратешкото планирање на Универзитетот и на неговата финансиска одржливост; (ii) го назначува главниот извршен директор (ректорот) по консултација со Сенатот; (iii) ги одобрува годишниот буџет и сметките; (iv) ги надгледува надворешната и внатрешната ревизија на меѓународните стандарди преку Комитетот за ревизија и управување со ризици, со кој тековно претседава претседателот; (v) ги надгледува политиките и процедурите за човечки ресурси преку Комитетот за вработување; (vi) врши надзор над високото раководство; (vii) одобрува избор во повисоки академски звања по препорака на Сенатот; (viii) може да се вклучи во собирање средства и (ix) генерално на Универзитетот му обезбедува надворешна експертиза и совети преку двете меѓународни членки и двајцата независни членови назначени од заедницата преку посебен повик. Останатите тројца членови на Одборот ги избира Сенатот, составен од академски кадар избран од Советите на факултетите, други вработени и студенти. Овластувањата на Сенатот се однесуваат на сите академски прашања, вклучително и на обезбедувањето квалитет, а е консултиран и за други прашања од Одборот на Универзитетот и од ректорот. Претседателот на Студентското собрание е поканет да присуствува на состаноците на Одборот кои се отворени и за набљудување од вработените и студентите.

Членовите на Одборот од заедницата во РСМ се очекува да присуствуваат на четири состаноци на Одборот и на неговите комитети (тековно се одржуваат во март, јуни, август и ноември).

Ги повикуваме сите заинтересирани да контактираат со претседателот на Комисијата за назначување, проф. д-р Денис Фарингтон, за неформална дискусија преку и-мејл: d.farrington@seeu.edu.mk . Дополнителни информации за Универзитетот може да се најдат на неговата веб-страница: www.seeu.edu.mk.

Официјалните апликаци мора да бидат на англиски јазик и треба да се достават до 6 март 2020 година до 16:00 часот (централно европско време), преку и-мејл до генералниот секретар на Универзитетот, д-р Џеваир Мемеди: x.memedi@seeu.edu.mk вклучително и скенирано пропратно писмо, до Комисијата за назначување и биографија, како и скенирани препораки од две лица по избор на поединецот. Лицата кои ќе дадат препораки можат да бидат контактирани по дискреционо право на Комисијата за назначување. По состанокот на Комитетот за номинирање на 13 март 2020 година, едно или повеќе избрани лица ќе бидат контактирани за неформална дискусија со ректорот и со вишиот кадар , по што ќе следи понатамошно разгледување од Комитетот. Официјалното назначување ќе го изврши Одборот на Универзитетот на 5 јуни 2020 година, на кој ќе биде поканет успешниот кандидат.

Сите прашања, барања за информации, апликации и сродни материјали ќе бидат третирани со доверба во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Универзитетот е институција за еднакви можности.

Денис Фарингтон
Претседател на Комисијата за назначување
20 јануари 2020 год.

Google+