Почитувани, Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултет за современи науки и технологии (ФСНТ), со цел да придонесе за подобрување на квалитетот на наставата и учењето во средните училишта, организира семинар (работилница) на тема
"Google сервисите за управување со интерактивен наставен процес (предавање/учење)"
Во работилницата се поканети да присуствуваат наставници од групата на предмети на ИКТ (Информатика, Основи на информатика, програмирање, итн.) и математика. На работилницата ќе се проучуваат теми актуелните Google технологии и нивната употреба во наставата и управување со учењето. Наставниците од група предмети од ИКТ и математика, ќе бидат во можност да ги користат технологиите за настава и управувањето со учењето во нивните предмети и исто така ќе се обучуваат да им помогне на нивните колеги од другите предмети во користењето на овие технологии. Учесниците ќе добијат сертификат за извршување на работилницата.
Семинарот се организира на албански и македонски јазик. Бројот на учесници е ограничен.
Семинарот ќе се одржи во Тетово, просториите на ФСНТ, на 14 април 2018 година, сабота, со почеток во 9:30 часот.
Поради организациски прашања, Ве молиме до 31 март да се испрати листата на учесници на семинарот (работилница) во е-mail адресите:
Jaumin Ајдари – Координатор на семинарот, e-mail адреса j.ajdari@seeu.edu.mk
Мерџиване Исмаили - секретар на ФСНТ, e-mail адреса m.ismaili@seeu.edu.mk
или на тел. +389 44 356 176
Координатор, Декан на ФСНТ, УЈИЕ
Проф. Д-р Jaumin Ајдари, Вонр. Проф. Доц. Д-р Адриан Бесими