Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Оглас

ФСОН & ФБЕ & ФСНТ & ФЗН

Врз основа на членовите 166 и 172 од Законот за високото образование на Р.Македонија, (Службен Весник на Р. Македонија бр. 82/2018 ) и член 121 од Законот за работните односи на Р.Македонија, (Службен Весник на Р. Македонија бр. 62/2005), Правилникот за посебни услови и за постапка за избор во наставно - научно, наставно - стручно, научно и соработничко звање, Универзитетот на Југоисточна Европа – Tетово објавува оглас за избор/реизбор на наставници во сите наставни научни звањa

ФАКУЛТЕТ ЗА СОВРЕМЕНИ ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ

  • Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: социјална работа и социјална политика, од областа: Социјална политика (51200) и методологија на научно истражување (51206 друго);

ФАКУЛТЕТ ЗА БИЗНИС И ЕКОНОМИЈА

  • Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: економски науки, од областа: економија на трудот (50320) и микроекономија (50329 друго);
  • Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: економски науки, од областа: економска теорија (50300) и економетрија (50322);
  • Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: економски науки, од областа: економска теорија (50300) и економски развој (50305);
  • Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: математика, од областа: примената математика и математичко моделирање (10912);

ФАКУЛТЕТ ЗА СОВРЕМЕНИ НАУКИ И ТЕХНОЛОГИИ

  • Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: информатика, од областа: развивање на софтвер и бази на податоци (11010) и веб програмирање (11011 друго);
  • Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: информатика, од областа: Информациони системи и програмирање (11002) и податочно рударство и аналитика на податоци (11011 друго);
  • Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: компјутерска техника и информатика, од областа: Организација и методологија на проектирање на сметачки системи (хардверски системи, софтвер) (21207) и процесирање на податоци (21206);

Интегрирани Студии: Архитектура и дизајн

  • Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: архитектура, урбанизам и планирање, од областа: Архитектонско проектирање и дизајн (20100);

ФАКУЛТЕТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ НАУКИ

  • Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: хирургија (општа), од областа: Неврохирургија (30302);
  • Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле: наука за јазикот (лингвистика), од областа: Англистика (60404);

За повеќе информации, погледнети ги следните документи.

Google+