Врз основа на членовите 166 и 172 од Законот за високото образование на Р.Македонија, (Службен Весник на Р. Македонија бр. 82/2018 ) и член 121 од Законот за работните односи на Р.Македонија, (Службен Весник на Р. Македонија бр. 62/2005), Универзитетот на Југоисточна Европа – Tетово објавува оглас за избор/реизбор на наставници во сите наставни научни звањa
ФАКУЛТЕТ ЗА ЗДРАВСТВЕНИ НАУКИ
- Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле Фундаментални медицински науки, од областа: Анатомија (30100) и Хистологија (30101);
- Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле Клиничка медицина, од областа: Гинекологија и акушерство (30205);
- Избор/реизбор на еден наставник во сите наставни научни звања од научно поле Клиничка медицина, од областа: Неврологија (30213) и Геријатрија (30223);
За повеќе информации, погледнети ги следните документи.