Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕУ) , Тетово
Институтот за Животна Средина и Здравје , објавува конкурс за учество наОбука за Енергетска Ефикасност ( ЕЕ) и Обновливи Извори на Енергија (ОИЕ)
OСНОВНА ИДЕА
Подигнување на основното техничко ниво за работа со Опрема за подобрување на Енергетскаефикасност и поголема примена на Обновливи извори на енергија .
Предавачи се Сертифицирани тренери и инструктори за Енергетска ефикасност и ОИЕ
ЦЕЛИ НА ОБУКАТА
Општата цел на обуката е да се изгради капацитет за работа со системите за ЕЕ и ОИЕ.
ЦЕЛНА ГРУПА
Технички лица кои како дел од своето портфолио имаат активности поврзани со инсталации за греење ,ладење , климатизација , градежништво , електро опрема.
Претходни услови за заинтересираните кандидати:
- Завршено средно техничко образование или некој од техничките факултети
- Минимум една година работа со барем една од наведените инсталации:
- за греење
- вентилација ,
- климатизација,
- градежништво
- електрика
ПРОГРАМА ЗА ОБУКА
Програма за обука ќе опфати (6) модули:
Модул 1 – Основни појмови-енергија , енергија за инсталации за греење, вентилација и климатизација
Модул 2 – Системи за греење со Биомаса , котли за домаќинства и мали згради
Модул 3 – Примери на објекти со ЕЕ-ОИЕ- Тетово, РМ,Европа
Модул 4 - Системи на Соларна енергија за греење на згради и Систем за подготовка на санитарна топлавода
Модул 5 - Системи на Соларна енергија за производство на електрична енергија Фотонапоснки панели
Модул 6 - Топлински пумпи (воздух-воздух) и Геотермални топлински пумпи (ГТП)
ОПШТИ УСЛОВИ
Заинтересираните кандидати , можат да аплицираат преку маилна : ieh@seeu.edu.mk
Контакт телефон: 078 344 899
Период за пријавување до 15 Декември 2015 година
Цена на обуката за едно лице изнесува 8.000,00 денари.
За фирми:
За пријавени 3 лица од една фирма , цената изнесува 7.000,00 дена по лице
За пријавени повеќе од 4 лица цената изнесува 6.000,00 денари по лице.