Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година за тековните студенти

Аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година за тековните студенти

Во тек е аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година за тековните студенти

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, за тековните студенти. Крајниот рок за пријавување преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ е 10 август.

Следниот рок е од 01 септември до 07 септември 2023 година.

По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде ја поднеле својата апликација. Потоа, од страна на Шпаркасе банка со која Министерството за образование и наука склучи нефинансиски договор за реализација на мерката - субвенциониран студентски оброк, ќе бидат повикани во некоја од филијалите за да склучат договор за отворање на посебна сметка, поврзана со наменска платежна картичка преку која единствено ќе можат да ги користат средствата.

Аплицирањето за кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2023/2024 година и кои не го запишале летниот семестар ќе трае од 1 до 7 октомври. Понатаму, можноста за аплицирање ќе биде отворена од 1ви до 7ми секој нареден месец, за студентите кои претходно не го оствариле правото поради било каква причина.

Повеќе информации имате на следниот линк

https://mon.gov.mk/content/?id=6259

Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023/24 година (mon.gov.mk)

Google+