Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Јавен повик - iCan

Практикантство

Се повикуваат работодавачите кои се заинтересирани за вклучување во мерката Практикантство, да се пријават на јавниот повик и изразат интерес за учество. Мерката се однесува на ангажирање практиканти за обука, изведување работни задачи и стекнување искуство во период од 3 (три) месеци. Истата има за цел стекнување искуство и остручување на работно место како резултат на учење низ работа. Работодавачот е должен да назначи за кое работно место односно за каков вид работа го пријавува практикантот.

Право на учество имаат работодавачи кои:

- се од приватен и од граѓански сектор;

- кои имаат најмалку едно вработено лице на неопределено време, најмалку 6 месеци пред аплицирањето, со исклучок на граѓанските организации и работодавачите кои ќе ангажираат жени од ромската етничка заедница како практиканти;

- ги имаат подмирено сите обврски врз основа на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување.

Пријавувањето е предвидено по принципот прв пријавен прв услужен до искористување на расположливите средства, водејќи сметка за принципот на рамномерна распределеност од сите плански региони на Република Северна Македонија.

Практикантите се избираат од евиденцијата на невработени лица, активни баратели на работа во соработка со Агенцијата за вработување, на возраст до 34 години со минимум завршено средно образование и кои немаат работно искуство согласно образованието. Доколку работодавачот има на располагање вакво лице/а, истиот е слободен самиот да го одбере. Во спротивно агенцијата ќе посредува со пребарување од евиденцијата на невработени лица за да одговори на искажаните потреби на работодавачот.

За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход), за периодот за кој се извршува практичната обука. Надоместокот ќе се префрли на сметката на практикантот по истекување на тековниот месец од периодот на договорот, намалена за сметка на законски потребните одбитоци.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор со работодавачите и со невработените лица – практиканти. Еден од условите кои работодавачот мора да ги исполни е и назначување на соодветен ментор за лицето практикант, како и поднесување на план за работа на практикантот, кои ќе се достават дополнително по одобрувањето на пријавата за практикантство.

Заинтересираните работодавачи својот интерес за учество можат да го пријават тука: https://forms.gle/s5Qh1sn14HWLvMwcA

Младинскиот Ресурсен Центар iCan и центрите за вработување на АВРСМ го задржуваат правото за проверка на соодветните докази за присутност на практикантот на работното место во текот на практикантската работа.

Детални информации можат да се добијат на контакт телефон: 076-884-000, достапен секој работен ден од 8 до 16 часот.

Google+