Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Докторски студии

Услови и критериуми за запишување

Право на запишување  имаат студентите кои за време на студиите од првиот и вториот циклус постигнале успех со средна оценка 8.00 и повисоко, имаат здобиено 300 ЕКТС и кои се од соодветна област, имаат објавено научни трудови и имаат соодветни познавања на англискиот јазик.

Во случај кога кандидатот го завршил вториот циклус во област која не е соодветна со  областа во која се пријавува за стекнување на научното звање од третиот циклус, тогаш за евентуалните дополнителни услови на прилагодување на претходните познавања за запишување на програмата ќе одлучи комисијата формирана од соодветниот факултет.

Кандидатите кои дипломирале на универзитети надвор од Република Македонија според Законот за високото образование се должни да ги нострифицираат дипломите во Министерството за образование на РМ,   за која цел  ќе имаат административна поддршка од Студентскиот сервис  на Универзитетот.

Познавање на јазиците

За програмите со настава на англиски јазик минималните критериуми се: TOEFL ITP мин. 460  (писмена верзија која се нуди на УЈИЕ) /TOEFL IBT мин.57 ( компјутерска верзија) / IELTS мин.5; или претходно завршено образование по англиски јазик.

Приоритет за упис на програмите  кои се нудат на локалните јазици  ќе имаат кандидатите  кои имаат познавање  барем на еден странски јазик. Доказ за познавање на странски јазик може да биде  меѓународен сертификат и сертификат  издаден од Јазичниот центар на УЈИЕ, или диплома за претходно завршено образование  на соодветниот странски јазик.

Документи за пријавување и за упис

Сите кандидати кои аплицираат во академската 2015/2016 година е потребно да ја достават следнава документација:

1.      Пополнета Online апликација преку официјалната веб -страница на Универзитетот- www.seeu.edu.mk

2.      Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра)

Детали за уплатата во денари:

  Примач: УЈИЕ
  Име на банка: СТОПАНСКА БАНКА
  Број на сметка: 200-0008775390-10

Детали за уплатата во евра:

  Примач: УЈИЕ
  Име на банка: СТОПАНСКА БАНКА
  Адреса на банка: Бул. М.Титобб, Тетово 1200, Македонија
  Број на сметка: 0009009090
  IBAN: MK07200000900909026
  SWIFT: STOBMK2X

3.      Лична биографија вклучително и список на објавениот материјал на кандидатот;

4.      Барање во кое треба да се наведе областа на студиите  во која ќе се истражува дисертацијата и податоци за целите на истражувањето;

5.      Мотивационо писмо;

6.      Потврда за познавање англиски јазик;

7.      Фотокопија од лична карта или од пасош;

8.      Оригинална  диплома  од првиот и од  вториот циклус на студии (нострифицирана  копија на дипломата стекната  надвор од Република Македонија).

9.      Оригинална транскрипта од првиот и вториот циклус на стуии или заверени копии.

Google+