Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .

Студентски сервис

Универзитетот на Југоисточна Европа нуди неколку услуги за  финансиска поддршка и за водење на студентите  почнувајќи од  уписот, во текот на студиите  но  и по дипломирањето.

Сите услуги за студентите се со цел да ги  реализираат  мисијата и политиките на конкретните програми и ефективно и доследно да ги поддржуваат студентите.

Како клучна точка за интеракција меѓу институционалните очекувања и потребите на студентите, услугите за поддршка на студентите на Универзитетот придонесуваат за целосното искуство на студентите како интегрален дел од образовниот процес.

Директор на студентски сервис

Директорот на Студентскиот сервис (ДСС) ефективно ги координира проектите и делувањата во студентскиот сервис за да осигури квалитет на услугите, ги надгледува сите активности и услуги кои се нудат во рамките на Студентскиот сервис и  претставува врска на студентите со проректорот, генералниот секретар и со факултетите за академските прашања.

Неговите одговорности вклучуваат институционално истражување и советување на студентите.

Google+