Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .

Студентски клубови

Клуб за менаџмент 

            Клубот има за цел да предизвика посебен интерес кај студентите за менаџментот. Начинот и природата на менаџментот е да бара повеќе креативност, добро организирање, точна обработка на информациите, добри лидери и во одредени случаи да бара нови идеи за излез од одредена ситуација. 

Клуб за маркетинг

            Има повеќе причини за формирање на овој клуб, како што се: подигање на свеста на студентите за маркетингот, овозможување да ги истакнатсвојот талент и своите способностите. Сведоци сме дека маркетингот е главниот фактор за успехот на компаниите и поради тоа тие му посветуваат големо внимание на овој сектор. 

Клуб на студентит од Правниот факултет 

            Причини за формирање на овој клуб се подигање на свеста на студентите за сферата на правото, овозможувајќи им да ги истакнат својот талент и своите способностите во оваа сфера. Клубот на студентите од Правниот факултет е формиран на 21 јануари 2008 година. 

Клуб за јавна администрација

            Имајќи ја в предвид потребата за формирање на клубот за јавна администрација, Студентската унија го основаше клубот на 21 јануари 2008 година. Причините за основање на овој клуб се многубројни и тоа: подигање на свеста на студентите за насоката која ја студираат, професионално усовршување и др. 

Клуб за труд и социјална политика 

            Причините за формирање се многубројни: подигање на свеста на студентите за социјалните прашања, овозможување да ги покажат својот талент и своите способности во оваа сфера. 
            Клубот е основан од студентите од студиската програма Труд и социјална политика. 

            За повеќе информации контактирајте со Студентската унија:
Tel: +389 44 356 036
И-мејл: us@seeu.edu.mk 
web: www.us-uejl.org

Google+