Добродојдовте на Универзитетот на Југоисточна Европа
Оваа фаза на развој на Универзитетот ја именувавме како „ЈИЕУ 2.0“. Симболиката на овој назив во сржта ја содржи нашата отворена покана до вас, иднитe студенти, да ни се придружите на нашето патување во изградбата на институцијата на современите знаења и вредности достојни за Универзитет на третата генерација.
Симболот „2.0“ се создаде како симбиоза на директната, интерактивната, динамичната соработка и на учеството во создавањето на вашиот академски и професионален профил. Поради тоа, добродојдовте на вашиот личен Универзитет.
Десет години истрајно работевме за да создадеме посебна понуда во високото образование во регионов. Со поддршка на нашите основачи – земјите на големото европско семејство и САД, со интензивна размена на најдобрите меѓународни искуства и практики во високото образование ја создадовме потребната инфраструктура за да бидеме на ист ранг со престижните универзитети кои во центарот ги поставуваат студентот и придонесот за напредок на општеството.
Овие десет години успеавме:
Ова се неколку од констатираните постигнувања од меѓународните евалвации, но и од нашите дипломирани студенти и од нивните работодавци. Вашиот универзитет го имаат опишано како модел за високообразовна институција во регионов, а и пошироко. Патот за стекнување знаења и конкурентни способности во овој глобален свет многу е тежок, но оваа средина, која веќе е докажана како архитектура во која вие сте ко-градители, е гаранција за сигурен успех.
Со успех,