Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .

Библиотеката „Макс ван дер Штул“

             Библиотеката „Макс ван дер Штул“ е институционална библиотека во служба на истражувачките и на образовните цели на Универзитетот на Југоисточна Европа. Библиотеката е сместена во објектот 702 и е именувана по првиот почесен доктор на Универзитетот, поранешниот висок комисионер на ОБСЕ за национални малцинства, Макс ван дер Штул, човекот чија визија беше основање и развој на Универзитетот на ЈИЕ. Библиотеката е наменета само за студентите и за кадарот на Универзитетот.

             Главна цел на библиотеката е да обезбеди литература и други материјали од областа на социјалните, културните и на комуникациските науки. Фондот на книги опфаќа над 11.350 наслови и над 26.000 книги и голем број весници, меѓународни извештаи, цедеа, локални и национални весници, како и други периодични изданија. Фондот на книги е формиран според децималната класификација на Dewey.

             Информациите за книгите може да се обезбедат и преку он-лајн каталогот.

             Библиотеката е отворена преку целата недела од 08:00 до 23:00 часот, додека во сабота работи од 10:00 до 14:00 часот. Студентите имаат пристап не само до фондот на книгите, туку преку компјутерите и на Интернет. Салите за читање се прилагодени според барањата и потребите на студентите.

Google+