Универзитетот на Југоисточна Европа беше домаќин на активноста за промовирање на меѓународните стипендии, која се одржа во среда (16 мај 2012 година).
„Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ“, беше темата на која во средата (16 мај 2012 година) одржа предавање пред студентите и пред вработените на УЈИЕ, заменик-претседателот на Владата на Косово, Хајредин Кучи.
Амбасадорот на Република Албанија во Македонија, Арбен Чејку, пред студентите и вработените на УЈИЕ, во вторникот (15 мај 2012), одржа предавање на тема: „100-годишнината од независноста на Албанија“.
На Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово, денес (8 мај 2012), престојуваше г. Ерик Фурние, директор на Директоратот за Централна Европа во Француското министерство за надворешни работи, придружуван од францускиот амбасадор во Скопје, Жан Клод Шлумберже.
На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во понеделникот (7.05.2012), по седми пат се одржа Саемот на кариерата каде што учествуваа над 50 компании.
Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, вчера (3. мај 2012) оствари средба со студентите со повисока просечна оценка кои студираат на факултетите на природните науки на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Студентите на Равниот факултет на УЈИЕ престојуваа во германскиот бундестаг
Универзитетот на Југоисточна Европа, во петокот (27 април 2012), го организираше „Олимпискиот ден“. Целта на овој ден беше да се претстават разновидноста на активностите и на учесниците непосредно пред одржувањето на Олимписките игри во Лондон 2012.
Во рамките на проектот „Осмели се! Направи го првиот чекор!“ во петокот, (27 април 2012), на УЈИЕ во Тетово се одржа „Викендот на претприемништвото“.
ОД СТУДЕНТ ДО ПРЕТПРИЕМНИК – ЗА ЕДЕН ВИКЕНД „Во петокот бев само студент кој имаше идеја, а во недела ќе го имам готов планот на мојот бизнис.“
Универзитетот на Југоисточна Европа и Центарот за институционален развој – ЦИРа, одржаа заедничка прес-конференција во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, чија цел беше претставување на новите постдипломски студии за „Развој на граѓанското општество“, кои ќе се спроведуваат на Факултетот за јавна администрација и политички науки при Универзитетот на Југоисточна Европа. Овие студии беа дизајнирани во партнерство помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово и Центарот за институционален развој – ЦИРа од Скопје.
Во среда (28 март 2012 година) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово беше промовирана книгата „Мал бизнис и претприемништво“ од авторите проф. д-р Бобек Шуклев и доц. д-р Вељанд Рамадани.
Во вторникот (27 март 2012) г-ѓа Џули Викс за студентите и за вработените на Факултетот за бизнис и економија одржа предавање на тема: „Трендовите на женското претприемништво на меѓународно ниво – Кои се жените сопственички на бизниси денес?“
Во петокот (24 март 2012) Факултетот за јазици, култури и комуникација на Универзитетот на Југоисточна Европа го организираше Саемот на јазиците. Во рамките на Саемот, студентите од овој факултет ги подготвија своите штандови на кои беа претставени одредена држава и одреден јазик.
Истакнатиот американски експерт за проблемите на Балканот, Бренда Пирсон, одржа предавања пред студентите на насоката Комуникации на УЈИЕво врска со актуелните политички случувања во балканските земји.
Многу значајна средба, впечатлива, погодена е целта... Убаво е да видиш дека некој се грижи за студентите и по завршување на студиите. Ова беа некои од исказите на присутните на првата средба со поранешните студенти на УЈИЕ од Косово, која се одржа во петокот (16 март 2012) во Приштина.
Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и Мајкрософт во Република Македонија во петок (16 март 2012 година) потпишаа Договор за образовна соработка.