Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Аплицирај

Узлови за упис

Уписот на студентите во Универзитетот на Југоисточна Европа се врши врз основа на Конкурсот одобрен од Сенатот на Универзитетот, кој се објавува секоја година на веб - страницата на Универзитетот и во голем број дневни весници.


ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ
Услови и критериуми за запишување

Аплицирајте Онлајн за Додипломски Студии
Додипломски програми

Право на запишување на додипломски студии имаат кандидатите со завршено средно четиригодишно образование или образование адекватно на тоа и кои ја имаат положено државната матура.

Доколку во првиот уписен рок не се пополни бројот на студенти предвиден со овој Конкурс, тогаш право за запишување во вториот уписен рок ( освен оние што ја положиле државната матура) имаат и кандидатите од гимназиите кои ја положиле училишната матура и кандидатите од средните професионални училишта кои го положиле завршниот испит.

Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование адекватното на тоа пред 2008 година, имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште.

Кандидатите кои имаат завршено четиригодишно средно образование или образование адекватно на тоа надвор од Република Македонија имаат право да се запишат само врз основа на успехот од средно училиште. Ho, тие се обврзани во текот на првата академска да ја нострифицираат дипломата во Министерството за образование и наука на РМ.

Вреднувањето на успехот од средно образование, државната матура и од училишната матура за учениците од општите гимназии, или завршниот испит за тие што имаат завршено средно професионално училиште (за кандидатите во вториот уписен рок), се изразува во поени. Врз основа на поени ќе се изврши редоследот на примени кандидати.

Кандидатите се запишуваат како редовни или како вонредни студенти со финансирање на студиите.

Предност при запишувањето на вонредни студии ќе имаат кандидатите кои се во работен однос и кои имаат подобар успех од средното образование. Вработените треба да го документираат својот статус.

Кандидатите ќе бидат тестирани за нивните знаења за степенот на познавање на англискиот јазик. Ова тестирање нема елиминаторен карактер, но е потребено само за одредување на степенот на познавање на англискиот јазик.

За програмите со настава на англиски јазик минималните критериуми се: TOEFL ITPмин. 460 (писмена верзија која се нуди на УЈИЕ) /TOEFL IBTмин.57 ( компјутерска верзија) / IELTS мин.5 или еквивалентен резултат од институционалниот тест по англиски јазик од Јазичниот центар, УЈИЕ.

Режимот на студии кој кандидатот го избира во фазата на пријавување останува до завршувањето на студиите без можност за промена.

Вреднувањето на успехот од средно образование и од државната матура се изразува во поени.

Вреднувањето на успехот ќе се изврши според два критериуми:

  • успехот од средното училиште (гимназија или стручно средно образование) и
  • успехот од државната матура.

Кандидатите кои аплицираат во академската 2015/2016 година е потребно да ја достават следнава документација:

  1. Пополнета Online Апликација
  2. Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра)

    Детали за уплатата во денари:
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Број на сметка:
    200-0008775390-10
    Детали за уплатата во евра
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Адреса на банка:
    Бул. М.Титобб, Тетово 1200, Македонија
    Број на сметка:
    0009009090
    IBAN:
    MK07200000900909026
    SWIFT
    STOBMK2X
  3. Лична биографија/ пропратно писмо кое би содржело најмалку 500 зборови. Во овој есеј треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ.
  4. Свидетелства од сите години (или копии заверени на нотар).
  5. Диплома за завршено средно образование (оригинал или заверена копија на нотар).
  6. Уверение од резултатите од државната матура, односно од училишна матура или од завршниот испит.
  7. Извод од матична книга на родени.
  8. Фотокопија од лична карта или од пасош.
ЗАБЕЛЕШКА

Трансфер студентите освен горенаведените документи треба да достават и транскрипт на оценки од претходната високообразовна институција.

МАСТЕР СТУДИИ
Услови и критериуми за запишување

Аплицирај Онлајн за Мастер Студии
Мастер програми

Право на запишување на последипломски студии според моделот 3+2 (двегодишен) имаат кандидатите, кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус (нострифицирана)* или адекватна на тригодишни студии (180 ЕКТС) и четиригодишни студии (240 ЕКТС)

Право на запишување на последипломски студии според моделот 4+1 (двосеместрални) имаат кандидатите, кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус (нострифицирана), или адекватна на четиригодишни студии (240 ЕКТС).

Предметите ќе бидат редовни и модуларни според моделот: 50% од наставната програма од одредениот факултет ќе се нуди редовно додека другиот дел од наставната програма ќе биде со самостојни студии (водени од предавачите). Редовните предмети ќе се понудат секоја недела и тоа во четврток и во петок по 16:00, во сабота од 8:00 за да им одговараат и на вработените кандидати. Во однос на модуларните предмети (со професори од странство), предавањата ќе бидат интензивни.

Предност ќе имаат студентите со просек на оценки од првиот циклус на судии 8.00 или поголем.

Доколку во некоја од студиските програми нема да се пријават доволен број кандидати, во тој случај нема да се организира настава за истата програма.

Во случај кога кандидатот завршил прв циклус на студии во несоодветна програма - струка во однос на студиската програма на која конкурира, тогаш, Комисија од соодветниот Факултет ќе ги определи условите за дополнителните критериуми потребни за дополнување на предзнаењата за упис во новата студиска програма од втор циклус.


Сите студиски програми и во двата конкурса за вториот циклус (3+2 или 4+1) се нудат на албански, на македонски или на англиски јазик. Меѓутоа, без разлика на јазикот на програмата Универзитетот има право да понуди дел од предавањата или од предметите на англиски јазик, затоа познавањето на албанскиот, македонскиот и на англискиот јазик е потребно, а познавањето на најмалку два од горенаведените јазици на академско ниво е неопходно.

За програмите со настава на англиски јазик минималните критериуми се: TOEFL ITP мин. 460 (писмена верзија која се нуди на УЈИЕ) /TOEFL IBT мин.57 ( компјутерска верзија) / IELTS мин.5 или еквивалентен резултат од институционалниот тест по англиски јазик од Јазичниот центар, УЈИЕ.

Кандидати кои аплицираат во академската 2015/2016 година потребно е да ја достават следнава документација:

  1. Пополнета Онлајн Апликација
  2. Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра)

    Детали за уплатата во денари:
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Број на сметка:
    200-0008775390-10
    Детали за уплатата во евра
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Адреса на банка:
    Бул. М.Титобб, Тетово 1200, Македонија
    Број на сметка:
    0009009090
    IBAN:
    MK07200000900909026
    SWIFT
    STOBMK2X
  3. Лична биографија/ пропратно писмо кое би содржело најмалку 500 зборови Во овој есеј треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ
  4. Оригинална универзитетска диплома (нострифицирана) и сите оригинални транскрипти ( додаток на диплома доколку има) од првиот циклус на студии или нотаризирани копии.
  5. Извод од матична книга на родени.
  6. Фотокопија од лична карта или од пасош.
ЗАБЕЛЕШКА

Кандидатите кои дипломирале надвор од Р. Македонија, според Законот за високо образование се обврзани во рок од шест месеци да ја нострифицирaат дипломата во Министерството за образование на РМ. За евентуален негативен одговор или за не добивање одговор, на кандидатот ќе му се прекинат студиите без никаква одговорностод страна на УЈИЕ

ДОКТОРСКИ СТУДИИ
Услови и критериуми за запишување

Аплицирај Онлајн за Докторски Студии
Докторски програми

Право на запишување имаат студентите кои за време на студиите од првиот и вториот циклус постигнале успех со средна оценка 8.00 и повисоко, имаат здобиено 300 ЕКТС и кои се од соодветна област, имаат објавено научни трудови и имаат соодветни познавања на англискиот јазик.

Во случај кога кандидатот го завршил вториот циклус во област која не е соодветна со областа во која се пријавува за стекнување на научното звање од третиот циклус, тогаш за евентуалните дополнителни услови на прилагодување на претходните познавања за запишување на програмата ќе одлучи комисијата формирана од соодветниот факултет.

Кандидатите кои дипломирале на универзитети надвор од Република Македонија според Законот за високото образование се должни да ги нострифицираат дипломите во Министерството за образование на РМ, за која цел ќе имаат административна поддршка од Студентскиот сервис на Универзитетот.


За програмите со настава на англиски јазик минималните критериуми се: TOEFL ITP мин. 460 (писмена верзија која се нуди на УЈИЕ) /TOEFL IBT мин.57 ( компјутерска верзија) / IELTS мин.5; или претходно завршено образование по англиски јазик.

Приоритет за упис на програмите кои се нудат на локалните јазици ќе имаат кандидатите кои имаат познавање барем на еден странски јазик. Доказ за познавање на странски јазик може да биде меѓународен сертификат и сертификат издаден од Јазичниот центар на УЈИЕ, или диплома за претходно завршено образование на соодветниот странски јазик.

Сите кандидати кои аплицираат во академската 2015/2016 година е потребно да ја достават следнава документација:

  1. Пополнета Онлајн Апликација
  2. Уплатница во износ од 1500 денари (25 евра)

    Детали за уплатата во денари:
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Број на сметка:
    200-0008775390-10
    Детали за уплатата во евра
    Примач:
    УЈИЕ
    Име на банка:
    СТОПАНСКА БАНКА
    Адреса на банка:
    Бул. М.Титобб, Тетово 1200, Македонија
    Број на сметка:
    0009009090
    IBAN:
    MK07200000900909026
    SWIFT
    STOBMK2X
  3. Лична биографија вклучително и список на објавениот материјал на кандидатот;
  4. Барање во кое треба да се наведе областа на студиите во која ќе се истражува дисертацијата и податоци за целите на истражувањето;
  5. Мотивационо писмо;
  6. Потврда за познавање англиски јазик;
  7. Фотокопија од лична карта или од пасош;
  8. Оригинална диплома од првиот и од вториот циклус на студии (нострифицирана копија на дипломата стекната надвор од Република Македонија).
  9. Оригинална транскрипта од првиот и вториот циклус на стуии или заверени копии.
  ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ (ДОДИПЛОМСКИ) ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ (МАСТЕР) ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИИ (ДОКТОРСКИ)
ВРЕМЕСКИ РОК ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Прв уписен рок
Краен рок 27 апр. - 31 авг. 2016 27 апр. - 17 сеп. 2016 27 апр. - 17. сеп. 2016
Конечни резултати 02 сеп. 2016 23 сеп. 2016  
Втор уписен рок
Краен рок 01 – 17 сеп. 2016    
Конечни резултати 19 сеп. 2016    
Трет уписен рок
Краен рок 19 – 30 сеп. 2016    
Конечни резултати 03 окт. 2016    
УПЛАТА ЗА СЕМЕСТАР И РЕГИСТРАЦИЈА НА СЕМЕСТАР
Уплата за семестар за примени кандидати во првиот уписен рок 01 – 14 сеп. 2016    
Уплата за семестар за примени кандидати во вториот уписен рок 19 – 30 сеп. 2016    
Уплата за семестар за примени кандидати во третиот уписен рок      
ТЕСТ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ НА НИВОТО НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК
Тест за одредување на нивотот на англиски и македонски јазик (Кампусот во Тетово) 7 сеп. 2016    
Тест за одредување на нивотот на англиски и македонски јазик (Кампусот во Скопје) 7 сеп. 2016    
РЕГИСТРАЦИЈА НА ПРЕДМЕТИ
Регистрација на предмети 15 – 30 сеп. 2016    
Пријавување / одјавување часови 15 – 30 сеп. 2016    
ОРИЕНТАЦИОНА НЕДЕЛА (ДОБРЕДОЈДЕ)
Ориентациона програма (Тетово) 15 – 30 сеп. 2016    
Ориентациона програма (Скопје) 15 – 30 сеп. 2016    
ВРЕМЕНСКИ РОК ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО СТУДЕНТСКИ ДОМ
Пријавување за сместување во студентскиот дом во Кампусот на УЈИЕ во Тетово 24 авг. – 26 сеп. 2016    

Пријавување на кандидати

Të drejtë paraqitjeje kanë të gjithë kandidatët që i plotësojnë kushtet dhe kriteret e parapara në Konkurs. Kandidatët duhet të dorëzojnë dokumentet e listuara në Kushtet e pranimit, për secilin cikël të studimi veç e veç, në ndërtesën e 802, në qytezën universitare ose nëpërmjet postës, në adresën:


Универзитет на Југоисточна Европа,
Бул. Илинденска, бр. 335,
1200 Тетово, Македонија

Канцеларијата за упис Подготвеност да ви помогнеме

Ние ве поддржуваме во текот на целиот процес на аплицирање, ве информираме за резултатите и ве известуваме и ви даваме инструкции за почетотокот на академската година


8:00 до 16:00 (од Понеделник до Петок)
admissions@seeu.edu.mk
 
Тетово
Т: +389 44 356 188
T: +389 44 356 091
Скопје
T: +389 44 356 396
T: +389 44 356 397
Google+