Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .

Доставување трудови за научното списание на УЈИЕ

         Одборот за издавање на научното списание при УЈИЕ има за цел да обезбеди меѓународен форум за истражување, анализи и за дебати од различни области како што се: економија, право, јавна администрација, образование, јазици и лингвистика, социологија и наука за животната средина и здравје. Научниото списание ќе ги  прифати за разгледување следниве видови трудови: истражувачки трудови, рецензии, ставови и бели книги.  

         Одборот за издавање на научното списание при УЈИЕ бара да се издава оригинална работа која демонстрира актуелност и релевантност од полето на студии. Предадените ракописи не треба да бидат дадени на разгледување за издавање на некое друго место и доколку ракописот биде избран за издавање авторите треба да му ги дадат авторските права на Универзитетот на Југоисточна Европа.

         Предавањето на трудовите ќе се изврши преку Отворен повик за објавување трудови. Повикот може да биде целосно отворен или може да се однесува на посебна тема која ќе биде одредена од одлуката на главниот уредник на научното списание на УЈИЕ. За да се осигураат највисоките стандарди за издавање, сите предадени ракописи ќе се oценуваат преку процес на меѓуколегијална критика. Дополнително сите материјали кои ќе се достават ќе бидат оценувани за плагијаризам. Пожелно е ракописите да бидат на англиски јазик, но и оние кои ќе бидат доставени на македонски или на албански јазик ќе се разгледуваат под посебни услови. Ракописите треба да бидат доставени до уредникот преку на следнава и-мејл адреса: review@seeu.edu.mk

         Авторите треба да ги доставуваат статиите електронски до Научното списание на УЈИЕ во мајкрософт ворд формат и сите ракописи пред да се достават треба да бидат лекторирани. Сите материјали кои ќе бидат доставени треба да го следат стилот за формат и за референци APA (American Psychological Association). Ракописите треба да содржат најмногу 8.000 зборови вклучувајќи ги тука и апстрактот (кој треба да содржи од 200 до 300 зборови), референците и другите елементи.

         Целосниот ракопис, вклучувајќи ги апстрактот, референците и табелите треба да бидат презентирани во А4 формат, печатени со единечен проред со големина на букви 12 во фонтот тајмс њу роман (TimesNewRoman). Треба да се започне со насловната страница на која ќе бидат наведени насловот на трудот, името на авторот, институцијата и адресата за коресподенција, и-мејл адресата, предложените кратки наслови за поглавјата и од три до пет клучни збора. На следната страница треба да се стават насловот на статијата и апстрактот, а потоа да се продолжи со содржината на статијата. Сите страници мора да се нумерирани.

         Авторите не треба да користат бројки. Доколку постои причина за употреба на бројки авторите мора да достават оригинални електронски копии во EPS, TIF,  или во висока резолуција во формат JPG. Доколку има табели тие не треба да бидат направени во ексел (Excel) туку во мајкрософт ворд (Microsoft Word).

         Статијата треба да биде рецензирана од еден надворешен и од еден внатрешен рецензент.

Google+