Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

SEEU Review

Јавен повик за трудови: SEEU Review, Том 12 Број 1

SEEU Reviewе он-лајн научно списание со меѓународен карактер, со меѓуколегијална рецензија I со отворен пристап, кoe се издава од Универзитетот на Југоисточна Европа и од издавачот Де Грутер. Ова е официјално истражувачко списание на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Нашето списание има за цел да обезбеди меѓународен форум за истражување, анализи и за дебати од различни области како што се: правото, економијата, јавната администрација, меѓународните односи, политичките науки, јазиците, комуникацијата, технолошките науки, животната средина и др.

Списанието има за цел да издава оригинални истражувања кои демонстрираат актуелност и релевантност од соодветната област на студии. Доставените трудови ќе бидат рецензирани од анонимни рецензенти од специфични области вклучени во списанието.

SEEU Review се издава двапати годишно.

http://www.degruyter.com/view/j/seeur

 Упатства за доставување трудови

Предадените ракописи не треба да бидат дадени на разгледување за издавање на некое друго место и доколку ракописот биде избран за издавање авторите треба да му ги дадат авторските права на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Предавањето на трудовите ќе се изврши преку Отворен повик за објавување трудови. Повикот може да биде целосно отворен или може да се однесува на посебна тема која ќе биде одредена од одлуката на главниот уредник на научното списание на УЈИЕ. За да се осигураат највисоките стандарди за издавање, сите предадени ракописи ќе се oценуваат преку процес на меѓуколегијална критика. Дополнително сите материјали кои ќе се достават ќе бидат оценувани за плагијаризам. Пожелно е ракописите да бидат на англиски јазик, но и оние кои ќе бидат доставени на македонски или на албански јазик ќе се разгледуваат под посебни услови. Ракописите треба да бидат доставени до уредникот преку

http://www.editorialmanager.com/seeureview        

Авторите треба да ги доставуваат статиите електронски до Научното списание на УЈИЕ во мајкрософт ворд формат и сите ракописи пред да се достават треба да бидат лекторирани. Сите материјали кои ќе бидат доставени треба да го следат стилот за формат и за референци APA (American Psychological Association). Ракописите треба да содржат најмногу 8.000 зборови вклучувајќи ги тука и апстрактот (кој треба да содржи од 200 до 300 зборови), референците и другите елементи.

Целосниот ракопис, вклучувајќи ги апстрактот, референците и табелите треба да бидат презентирани во А4 формат, печатени со единечен проред со големина на букви 12 во фонтот тајмс њу роман (TimesNewRoman). Треба да се започне со насловната страница на која ќе бидат наведени насловот на трудот, името на авторот, институцијата и адресата за коресподенција, и-мејл адресата, предложените кратки наслови за поглавјата и од три до пет клучни збора. На следната страница треба да се стават насловот на статијата и апстрактот, а потоа да се продолжи со содржината на статијата. Сите страници мора да се нумерирани.

Авторите не треба да користат бројки. Доколку постои причина за употреба на бројки авторите мора да достават оригинални електронски копии во EPS, TIF,  или во висока резолуција во формат JPG. Доколку има табели тие не треба да бидат направени во ексел (Excel) туку во мајкрософт ворд (Microsoft Word).

Научното списание неприменувадополнителнанаплатаза обработка,ниту пак за доствување на трудот.

Крајниот рок за доставување трудови е 12 јули 2016.     

Google+