Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .

Зошто УЈИЕ?

Завршувањето на средното образование за вас значи чекор кон иднината, ново непознато патување кое ќе ги одреди начинот и профилот на вашиот живот. Изберете нè за ова ваше патување со цел да ја задоволите жедта за знаење и да ги исполните барањата на работодавците во рамките на глобалните трендови.

Современи студиски програми

Студиските програми се дизајнирани во согласност со барањата на локалниот, регионалниот и на меѓународниот пазар на трудот. Во соработка со меѓународни универзитети наставните план-програми постојано се развиваат и се прилагодуваат за да ја донесат најдобрата експертиза која ќе ги задоволи барањата на брзиот развој на информатичката технологија.

Интерактивно предавање и учење

Доколку се одлучите да студирате на еден од нашите факултети вие ќе имате можност да бидете дел од модерниот процес на предавање и учење засилен со интерактивни наставни методи и со соодветна опрема во повеќејазичен универзитет. Предавачите се прифилирани локални професори во согласност со наставната план-програма на факултетот, како и предавачи или експерти од земјите на ЕУ и на САД, кои во текот на целото време ќе бидат на ваше располагање (24 часа он-лајн). Вие ќе може да го изберете и режимот на студии: редовни, вонредни и он-лајн.

Лични контакти

По што се разликува Универзитетот на Југоисточна Европа од другите универзитет?

Точно, потребата за посебен третман од вашите професори и за услуги кои ги нуди кадарот на УЈИЕ прави УЈИЕ да биде многу чекори понапред од другите. Он-лајн комуникацијата со професори во секое време и другите он-лајн услуги ќе ви овозможат да бидете секогаш во тек со студискиот систем и со другиот дел од вашиот студентски живот на Кампусот, за подобрување и развој на вашите професионални вештини.

Учење за реалниот свет

Комбинацијата на теорија и практична работа ви овозможува да ги стекнете потребните вештини со кои ќе може да се справувате при вашата следна работа. Интегрираниот модел на студии кои се нудат на Универзитетот, на Факултетот за современи науки и технологии, ви овозможуваат директен пристап на пазарот на трудот, каде што 50% од студиите се изведуваат во компанијата, додека 50% од теоретскиот дел преку предавања на Универзитетот.

Важна е и постојаната поддршка која ќе се обезбеди во текот на вашата практична работа од Центарот за кариера, со која се осигурува полесен пристап до институциите и до компаниите. Центарот за кариера ќе продолжи да ве поддржува по завршувањето на студиите и ќе ви обезбедува информации за различни понуди на пазарот на трудот.

Квалитет

Универзитетот е посветен постојано да обезбедува квалитет во наставата и во сите други услуги од Универзитетот. Обезбедувањето квалитет се фокусира на академските работи кои се тесно поврзани со предавањето и со учењето, кои директно ги поддржуваат студентите, како што се библиотеката, студентскиот сервис и Центарот за кариера. Ова се прави преку Канцеларијата за обезбедување квалитет, која преку прашалници и други методи објективно ги оценува професорите и услугите.

Интегриран кампус

Модерна инфраструктура со сите квалитети како и меѓународните универзитети е дизајнирана според принципот сѐ на едно место и овозможува целосна интеракција со студентите од сите студиски дисциплини. Зелен простор со капацитети за сместување, четири амфитеатри и повеќе од 30 училници, современ компјутерски центар , мултимедијални лаборатории и технолошки парк, библиотека со читална, спортски терени и  фитнес сала. 

Студентски живот

Разновидноста на Универзитетот на Југоисточна Европа е она што најмногу ќе ви се допадне. Ова е безбедно место, со 24 часа служба за безбедност и сѐ што би можеле да очекувате од студентскиот живот. Вие имате можност и да се сместите во студентскиот дом на Универзитетот, во кој условите се дизајнирани според потребите на новите генерации со постојан пристап до Интернет.

Финансиска поддршка

Доколку го поминете тестирањето за стипендии, може да добиете една од програмите за стипендии и за школарина. Исто така, вие имате можност да се пријавите за програмата „Работи и студирај“, која ви овозможува да работите во некоја од службите на Универзитетот и со тоа ќе ја намалите школарината и ќе стекнете искуство.

Eколошка свесност

Од самиот почеток дизајниран како зелен и еколошки кампус, Универзитетот на ЈИЕ постојано инвестира во заштитата на животната средина, во еколошките материјали за градење, се грижи за зелените површини, за филтрирање и повторна употреба на водата, за рециклирање и селектирање на отпадот и за инвестирање во повторливото производство на електрична енергија и за зголемување на енергетската ефикасност .

Google+