Програма на УЈИЕ за стипендии по заслуга
Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) преку стипендиите по заслуга (MBS) има за цел финансиски да ги поддржи новите студенти во првиот циклус на студии (додипломски студии) кои ќе се запишат како редовни студенти во академската 2016/2017 година.
Целата на оваа програма е финансиски да се поддржат идните студенти кои сакаат да стекнат квалитетни и професионални знаења и вештини преку студиските програми на УЈИЕ.
Критериуми за доделување на стипендиите
Стипендиите по заслуга (MBS) ќе бидат доделени врз основа на успехот од средното училиште (со просек на оценки од четирите години на образование):
|
|
Број на стипендии по заслуга
Стипендиите по заслуга ќе се доделат на сите студенти кои ќе се запишат на УЈИЕ според Конкурсот за запишување студенти за академската 2016/17 година, а кои ги исполнуваат критериумите за доделување стипендии по заслуга.
Висина на стипендија според категоријата
|
Факултет |
Категории за годишни стипендии |
|
|
[Група A] 50%школарина |
[Група Б] 30%школарина |
|
|
Бизнис и економија (БЕ) (i) |
900 евра |
540 евра |
|
Современи науки и технологии (СНТ) (ii) |
900 евра |
540 евра |
|
Правен |
650 евра |
390 евра |
|
Јавна администрација и политички науки (ЈАПН) |
650 евра |
390 евра |
|
Јазици, култури и комуникација (ЈКК) |
650 евра |
390 евра |
Услови за пријавување
-
Право на пријавување имаат учениците кои го завршуваат средното четиригодишно образование и кои во претходните 4 (четири) години од средно образование (прва, втора, трета и четврта) имаат постигнато одличен успех со просек на оценки од 4.50 до 5.00.
Пријавување
Кандидатите треба да поднесат:
-
пополнета апликација за стипендија по заслуга
- копија од свидетелства за завршување на прва, втора, трета и на четврта година.
Рок за пријавување
Рок за пријавување од 01.06.2016 до 31.08.2016 година.
Критериуми за продолжување на стипендијата по заслуга
Стипендиите по заслуга се продолжуваат секоја година и покриваат тригодишен период на додипломски студии.
Критериумите за продолжување на стипендиите по заслуга по првата и по втората година се следниве:
(i) 60 ЕКТС остварени креди во секој семестар
(ii) Кумулативен просек на оценки минимум 8.50 за категоријата Б на стипендии и кумулативен просек на оценки минимум 9.00 за категоријата А на стипендии.
Висина на стипендијата по заслуга (по првата година)
Продолжувањето на стипендијата (обновувањето) ќе биде секоја академска година и ќе зависи од кумулативниот просек на оценки и на студентот ќе му се додели стипендијата од релевантната категорија.
|
Категорија на стипендии |
Група A |
Група B |
|
Кумулативен просек на оценки |
9.00 |
8.50 |
|
Годишна висина на стипендијата по заслуга на Факултетот за БЕ и на Факултетот за СНТ |
900 евра |
540 евра |
|
Годишна висина на стипендијата по заслуга на Правниот факултет, Факултетот за ЈАПН и на Факултетот за ЈКК |
650 евра |
390 евра |
i) На студиската програма Информациски системи и менаџментгодишната стипендија во групата А е 1000 евра, а во групата Б е 600 евра.
ii) На студиската програма Бизнис информатикагодишната стипендија во групата А е 1000 евра, а во групата Б е 600 евра.