Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
пристап кон иднината . . .

Мастер студии

Услови и критериуми за запишување

Право на запишување на последипломски студии според моделот 3+2 (двегодишен) имаат кандидатите, кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус (нострифицирана)или адекватна на тригодишни студии (180 ЕКТС) и четиригодишни студии (240 ЕКТС)

Право на запишување на последипломски студии според моделот 4+1 (двосеместрални) имаат кандидатите, кои имаат универзитетска диплома од првиот циклус (нострифицирана), или адекватна на четиригодишни студии (240 ЕКТС).

Предметите ќе бидат редовни и модуларни според моделот: 50% од наставната програма од одредениот факултет ќе се нуди редовно додека другиот дел од наставната програма ќе биде со самостојни студии (водени од предавачите). Редовните предмети ќе се понудат секоја недела и тоа во четврток и во петок по 16:00, во сабота од 8:00 за да им одговараат и на вработените кандидати. Во однос на модуларните предмети (со професори од странство), предавањата ќе бидат интензивни.

Предност ќе имаат студентите со просек на оценки од првиот циклус на судии 8.00 или  поголем.

Доколку во некоја од студиските програми нема да се пријават доволен број кандидати, во тој случај нема да се организира настава за истата програма.

Во случај кога кандидатот завршил прв циклус на студии во несоодветна програма - струка во однос на студиската програма на која конкурира, тогаш, Комисија од соодветниот Факултет ќе ги определи условите за дополнителните критериуми потребни за дополнување на предзнаењата за упис во новата студиска програма од втор циклус.

Познавање на јазиците

Сите студиски програми и во двата конкурса за вториот циклус (3+2 или 4+1) се нудат на албански,  на македонски или на англиски јазик. Меѓутоа, без разлика на јазикот на програмата Универзитетот има право да понуди дел од предавањата или од предметите на англиски јазик, затоа познавањето на албанскиот, македонскиот и на англискиот јазик е потребно, а познавањето на најмалку два од горенаведените јазици на академско ниво е неопходно.

За програмите со настава на англиски јазик минималните критериуми се: TOEFL ITP мин. 460  (писмена верзија која се нуди на УЈИЕ) /TOEFL IBT мин.57 ( компјутерска верзија) / IELTS мин.5 или еквивалентен резултат од институционалниот тест по англиски јазик од Јазичниот центар, УЈИЕ.

Документи за пријавување и за упис

Кандидати кои аплицираат во академската 2014/2015 година потребно е да ја достават следнава документација:

1.      Пополнета Online апликација преку официјалната веб -страница на Универзитетот- www.seeu.edu.mk

2.      Уплатница во износод 1500 денари (25 евра)

Детали за уплатата во денари:

   Примач: УЈИЕ
   Име на банка:  СТОПАНСКА БАНКА
   Број на сметка: 200-0008775390-10

Детали за уплатата во евра:

    Примач: УЈИЕ
    Име на банка: СТОПАНСКА БАНКА
    Адреса на банка: Бул. М.Титобб, Тетово 1200, Македонија
    Број на сметка: 0009009090
    IBAN: MK07200000900909026
    SWIFT: STOBMK2X

3.      Лична биографија/ пропратно писмо кое би содржело најмалку 500 зборови  Во овој есеј треба да бидат изложени причините поради кои кандидатот аплицира на Универзитетот на ЈИЕ

4.      Оригинална универзитетска диплома (нострифицирана) и сите оригинални транскрипти ( додаток на диплома доколку има) од првиот циклус на студии или нотаризирани копии.

5.      Извод од матична книга на родени.

6.      Фотокопија од лична карта или од пасош.


*Кандидатите кои дипломирале надвор од Р. Македонија, според Законот за високо образование се обврзани во рок од шест месеци да ја нострифицирaат дипломата во Министерството за образование на РМ. За евентуален негативен одговор или за не добивање одговор, на кандидатот ќе му се прекинат студиите без никаква одговорностод страна на УЈИЕ

Google+