Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Истражувачки групи

Истражувачките групи на Научниот институт „Макс ван дер Штул“ се составени од крос-факултскиот академски кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа во областа на хуманистичките и општествените науки. Главниот концепт на истражувачки групи е да организираaт и да спроведуваат тематски истражувања од мултидисциплинарни области.

Научниот институт „Макс ван дер Штул“ во последниов период работеше на поттикнување и наиницирањетотематски истражувачки групи кои ќе истражуваат, дискутираат за специфични области. Намерата е преку истражувачките групи да се поддржи дискусијата поврзана со развивањето на истражувачките капацитети, собирање идеи и иницирање некои апликации на проектот за актуелни теми во рамките на истражувачкиот интерес.

Секоја од тематските истражувачки групи треба да организира научни симпозиуми со своите тимови за реализација на квалитативни истражувачки трудови и да работат на организирањето научни форуми или меѓународни конференции во соработка со други релевантни истражувачи во земјава и во регионов.

Активни истражувачки групи на Научниот институт „Макс ван дер Штул“:

Односи меѓу заедниците и политичкиот дијалог

Станува збор за истражувањево рамките на еден истражувачки проект со УНДП за издавање водечки прирачник за улогата на Комисијата на Парламентот за односи меѓу заедниците за развојот на политичкиот дијалог.

Човековите права

Оваа истражувачка група работи во рамките на Центарот за човекови права во соработка со неколку универзитети во Западна Европа за мониторинг и истражување на трендовите на човековите права во земјите во транзиција, но, исто така,и во современите демократии.

Мултикултурализмот и јазичните политики

Истражувачка група работи на истражување на предизвиците на мултикултурализмот и јазичните политики во мултикултурните општества. Тие ја подготвуваа и ја организираа првата Меѓународна научна конференција од оваа област на 16 и 17 Mај 2014, во Кампусот на УЈИЕ во Тетово, вклучувајќи ги водечките експерти и истражувачи на оваа област.

Добро владеење

Ова е типично мултидисциплинарно истражување и крос-факултетска истражувачка група на истражувачи на секој од факултетите на ЈИЕУ дека во рамките на истражување на доброто владеење се на следење на настапи на владите на земјите од Западен Балкан во соработка со други универзитети и партнери во регионов.

Групите за истражување се во тек:

  • Меѓународно право
  • Европски студии
  • Меѓународни комуникации
  • Превентивна дипломатија и решавање конфликти
  • Владеење на правото
  • Истражувачката група на Балканот
Google+