Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Мултилингвална Интернационална Научна Конференција

ФАКУЛТЕТ ЗА ЈАЗИЦИ, КУЛТУРИ И КОМУНИКАЦИЈА И ЦЕНТАР ЗА ЈАЗИЦИ

МУЛТИЛИНГВАЛИЗМОТ - ПРЕДИЗВИК ЗА ЈАЗИЧНА, КНИЖЕВНА И КУЛТУРНА КОМУНИКАЦИЈА

УЈИЕ, Tетово, Северна Македонија

12-13 септември 2019

Почитувани истражувачи,
Ве покануваме да учествувате на мултилингвална интернационална научна конференција која ќе се одржи на 12-13 септември на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Мултилингвализмот претставува феномен за кој интересот во нашево општество постојано расте, а може да се истражува од различна перспектива. Процесот на глобализацијата создава соодветен простор за учење и зборување на странските јазици. Мултилингвализмот постојана се претвора во општествен императив. Не е случајно што и Универзитетот на Југоисточна Европа и понатаму води флексибилна политика на употребувањето на јазиците, со тоа што ги чува мултилингвалниот и мултикултурниот карактер.
Основен концепт на оваа научна конференција ќе биде средбата на истражувачите кои се специјализирани за еден од јазиците на конференцијата. Конференцијата ќе има интернационален карактер затоа што освен истражувачите од државава ќе учествуваат и истражувачи од регионов и пошироко.
Се очекува учесниците да бидат главно научни истражувачи, доктори на науки магистри, студенти на докторски студии и постдипломски студии кои се занимаваат со теми од областа на јазикот, културата и книжевноста на јазиците како: македонски англиски, албански и германски јазик.

Академски степен: На Конференцијата имаат право на учество вистинските истражувачи, доктори на науки и магистри, студентите од докторската школа, магистранти како и студенти од дипломски студии, доколку се придружени од своите ментори.

Темите кои ќе бидат прифатени на оваа научна средба треба да бидат од областа на јазикот, книжевноста и на културата на англискиот јазик, албанскиот јазик, германскиот јазик и македонскиот јазик, било тоа да е во независен контекст или во компаративен контекст, на сите нивоа и со теми од различни аспекти:

  1. Јазични и книжевни студии по англиски јазик
  2. Јазични и книжевни студии по албански јазик
  3. Јазични и книжевни студии по германски јазик
  4. Јазични и книжевни студии по македонски јазик
  5. Студии од областа на интернационалните комуникации
  6. Културни студии
  7. Предизвиците и можностите на мултилингвализмот во училиштата и на универзитетите
  8. Применета лингвистика
  9. Студии од образовната област
  10. Мултилингвализмот и мултикултурализмот

Трудовите може да се презентираат на четири јазици: македонски, англиски, албански, и германски јазик.
Презентациите може да бидат и со постери само за додипломските студенти.

Апстрактите ќе бидат прифатени до 30 јуни 2019, а потврдата за апстрактите ќе добиете до 18 јули 2019.
Трудовите треба да бидат испратени до 31 август 2019, додека потврда за трудовите ќе добиете до 6 септември 2019.

Аплицирај ТУКА!

Апстрактите треба да содржат 250-300 збора и треба да бидат на еден од јазиците на Конференцијата: македонски, англиски, албански или германски јазик.
Апстрактите треба да се испратат на два јазика, на англиски и на јазикот на научниот труд, на следнава адреса на Конференцијата:
multilingualconference@seeu.edu.mk

Цени и публикации:
Цената за учество на Конференцијата ќе биде 40 евра за првиот автор, додека вториот и третиот автор треба да платат по 20 евра. Студентите треба да платат половина од цената, т.е. 20 евра.

Истражувачите кои  сакаат своите трудови да ги објават во книгата на трудовите, но немаат можност да презентираат, треба да платат 100 Евра. 

PBank account details for the transfer – MKD

Name of the Partner Institution
South East European University- Tetovo
Address of the Partner Institution
Str.Ilindenska no.335, 1200
Tetovo
Macedonia
Name of the Bank
STOPANSKA BANKA
Address of the Bank
Bul.M.Tito bb
Tetovo,
MACEDONIA
Tax ID number
4028003134292
Account number
200-001161622619

SEEU Bank account details for transfers in EURO

Name of Institution
South East European University- Tetovo
Address
“Ilindenska”nn, SEEU campus,
1200 Tetovo, Macedonia
Name of the Bank
STOPANSKA BANKA
Address of the Bank
Boulevard Marshal Tito nn,
Tetovo, MACEDONIA
IBAN
MK07200000900909026
Account number
0009009090
Swift Code
SWIFT BIC:STOBMK2X

Забелешка: Предвиденото време за презентација на трудовите е 10 мин., а за дискусијата 5 мин. Дополнителни информации во врска со програмата на Конференцијата ќе добиете по прегледувањето на апстрактите. Трудовите кои нема да бидат презентирани на мултилингвална научна конференција нема да бидат објавени во книгата на трудовите.
Остануваме со надеж дека ќе се пријавите како учесници на мултилингвалната интернационална научна конференција!

1. Andrew Godspeed (Универзитетот на Југоисточна Европа)
2. Arafat Shabani (Универзитетот на Југоисточна Европа)
3. Brikena Xhaferi, (Универзитетот на Југоисточна Европа)
4. Gëzim Xhaferi (Универзитетот на Југоисточна Европа)
5. Zeqir Kadriu (Универзитетот на Југоисточна Европа)
6. Meral Shehabi -Veseli (Универзитетот на Југоисточна Европа)
7. Veronika Kareva (Универзитетот на Југоисточна Европа)
8. Bujar Hoxha (Универзитетот на Југоисточна Европа)
9. Demush Bajrami (Универзитетот на Југоисточна Европа)
10. Agim Poshka (Универзитетот на Југоисточна Европа)
11. Besa Bytyqi (Универзитетот на Југоисточна Европа)
12. Rashid Emini (Универзитетот на Југоисточна Европа)
13. Elena Spirovska (Универзитетот на Југоисточна Европа)
14. Liljana Siljanovska (Универзитетот на Југоисточна Европа)
15. Blagojka Zdravkovska-Adamova (Универзитетот на Југоисточна Европа)
16. Fatmire Vejseli (Универзитетот на Југоисточна Европа)
17. Hajrulla Hajrullai (Универзитетот на Југоисточна Европа)
18. Merita Ismaili (Универзитетот на Југоисточна Европа)
19. Lumturije Bajrami (Универзитетот на Југоисточна Европа)
20. Vjosa Vela (Универзитетот на Југоисточна Европа)
21. Daniela Kirovska (Универзитетот на Југоисточна Европа)
22. Marjana Marjanoviç (Универзитетот на Југоисточна Европа)
23. Aleksandra Taneska (Универзитетот на Југоисточна Европа)
24. Luljeta Adili- Çeliku (Универзитетот на Југоисточна Европа)
25. Rufat Osmani (Универзитетот на Југоисточна Европа)
26. Basri Saliu (Универзитетот на Југоисточна Европа)
27. Kujtim Ramadani (Универзитетот на Југоисточна Европа)
28. Арта Точи (Универзитетот на Југоисточна Европа)
29. Keti Miteva - Markovikj (Универзитетот на Југоисточна Европа)

1. Andrew Goodspeed (Universiteti Evropës Juglindore, Северна Македонија)
1. Gianni Belluscio (Universiteti i Kalabrisë, Kozencë, Италија)
2. Begzad Baliu (Universiteti i Prishtinës, Kосово)
3. Bardhyl Musai (Universiteti i Tiranës, Албанија)
4. Pavel Zgaga, (University of Ljubljana, Словенија)
5. Paul Foster, (Montana State University, Billings, Америка)
6. Nadezhda Stojkovic (University of Nis, Србија)
7. Benjamin Keatinge (Trinity College Dublin, Ireland)
8. Nalan Eren Kenny (King's Leadership Academy, Liverpool, United Kingdom)
9. Alan James (University of Klagenfurt, Aвстрија)
10. Ece Dillioğlu (Trakya Üniversitesi, Tурција)

Сите научни трудови кои ќе бидаат позитивно оценети од организацискиот одбор и презентирани на Конференцијата ќе бидат издадени во книгата на трудови во декември 2019.

Google+