Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

„Центар за деца“ – дизајниран од студенти на УЈИЕ – доби грант од 3 илјади евра од УСАИД

„Центарот за деца“ дизајниран од студентките од Факултетот за бизнис и економија на УЈИЕ – на Ринита Асани и Фортеса Асани — им беше доделен грант во вредност од 3 илјади евра во натпревар организиран од Универзитетот на Југоисточна Европа во соработка со Фондот за поддршка на жени и млади претприемачи.



Натпреварот е дел од проектот на УСАИД за проширување на малите бизниси во соработка со асоцијациите за рурален развој.Овој проект е за воспоставување центар за деца за да им се помогне да ги надминат бариерите со кои се соочуваат во текот на образованието.

„Нашето училиште ќе биде центар во кој ќе се стекнува знаење, и ќе се обезбеди образование и настава на учениците од основните училишта од прво до петто одделение.Предметите ќе се реализираат преку групна и индивидуална работа и ќе спроведеме детално оценување за да се види да види во однос на кои области тие се соочуваат со пречки, имаат тешкотии и ќе им се помогне да ги надминат овие тешкотии и да постигнат успех. Но она кон што навистина се стремиме е децата сами да ги развијат и да ги достигнат своите цели.“, рече Ринита Асани.

„ Целта на проектот поддржан од УСАИД и од факултетот е да се поддржат новите идеи на младите претприемачи од Полошкиот регион“, рече деканот на Факултетот за бизнис и економија, проф. д-р Стефан Ќирици.

Со проектот ќе им се помогне на младите женски претприемачи, особено во Полошкиот и ќе им се овозможи да ги реализираат своите идеи.

Google+