Претседателот Иванов посочи дека овој универзитет станал силен промотор на толеранцијата, почитувањето на мултијазичноста, културниот диверзитет во наставата и научното истражување, развивајќи студиски програми со меѓународна перспектива и со тоа значајно придонел во напредокот на научната мисла и меѓуетничкото разбирање.
„Десет години функционирање на еден универзитет како што е Универзитетот на Југоисточна Европа е краток период, но во контекст на динамиката на развојот на настаните, начинот на оснивањето и мисијата на оваа високообразовна институција, влијанието кое го имаше во високообразовната мрежа во Република Македонија за задоволување на општествените потреби и воспоставување на препознатливи и посебни високообразовни вредности споредливи со најмодерните високообразовни стандарди и трендови – добива историска димензија оставајќи свој белег“,речеректорот на Универзитетот, проф. д-р Замир Дика.