ЦРБ во 2011 година даде придонес за развој на бизнисот преку обуки и консултации за македонските компании ставајќи посебен акцент во областа на Полог. Тука можеме да ја спомнеме обуката на тема: „Развој на лидерски способности“ во која учествуваа втората генерација на лидерите на најголемите компании во регионот на Западна Македонија, како што се Ренова, Пофикс, Лес Комерц, Фриготехника 2000, Модинг, Дули-Кичево, Еуро Турист, ИР Транс. Исто така, во текот на 2011 година започна обуката „Планирање и имплементација на бизнис-план" на која присуствуваа 18 учесници, главно студенти на Универзитетот кои имаат свои приватни бизниси и оние кои сакаат да влезат во светот на бизнисот.
Во овој период ЦРБ спроведе и проект за обука која беше организирана во соработка со Високата школа за бизнис Кели скул (Kelley School) од Универзитетот Индијана во САД; индискиот Институт за менаџмент - Лукноу и со Универзитетот на Југоисточна Европа. Во рамките на оваа обука учествуваа 67 студенти од Индија и професори од САД и од Индија. Покрај услугите кои се обезбедени од основањето на ЦРБ, во текот на оваа година почнаа да се нудат две нови услуги, како што се обезбедување бизнис-консалтинг за компании и услуги за создавање и развој на веб -страници за бизнисите.
За успехот на ЦРБ зборува задоволството на сопствениците и менаџерите на компаниите кои ги користат консултантските услуги, во кои беа вклучени нашите консултанти. Компаниите кои ги користат овие услуги во текот на 2011 година се: Везе Шари, Фриготехника2000 и Интер Лигхт Шоп, која го ангажираше ЦРБ за да изработи бизнис-план, потребен за нови проекти во компанијата, како и за создавање веб-страница. Овој бизнис-план од странските филијали и од домашните компании беше оценет со највисоки оцени.
Покрај класичната обука која се нуди, ЦРБ е единствениот оператор кои нуди он-лајн обуки од SkillSoft, водечка компанија во светот. За овој вид обуки, освен во Македонија, ЦРБ поседува ексклузивни претпродавачки права во други земји како Албанија, Косово и Црна Гора. Он-лајн обуката за SkillSoft нуди сознанија од последната (најнова технологија), која има околу 10.5 милиони корисници, а 3.000 најголеми корпорации во светот ги користат овие типови на обука, меѓу кои може да се спомене Cocacola, Microsoft, Google, Yahoo, IBM, ING банка и др.
ЦРБ придонесува за развој на бизнисот нудејќи помош во организирањето различни конференции за бизнис.