Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Канцеларијата за меѓународни односи активна во меѓународната промоција на Универзитетот

Канцеларијата за меѓународни односи функционира во рамките на Ректоратот на УЈИЕ. Оваа канцеларија реализира различни активности, кои имаат за цел интернационализација на Универзитетот на Југоисточна Европа и создавање можности за размена за сите студенти кои имаат желба дел од својот академски живот да го поминат во некој од универзитетите со кои нашиот Универзитет има директна или индиректна соработка преку разни шеми за студентска мобилност.



Шестмина студенти од Универзитетот на Југоисточна Европа тековно престојуваат во рамките на програмата за размена, со што вкупниот број студенти кои досега ја имаат искористено програмата за размена се покачува на 35, од кои дел ги имаат продолжено целосните студии, а дел од нив само делумно, на еден од осумте европски универзитети - партнери во рамките на проектот Базилеус.

„Проектот Базилеус за оваа година доби финансиска поддршка од Европската комисија, но ова не ја спречи Канцеларијата за меѓународни односи да промовира алтернативни шеми и можности за сите тие студенти кои се во потрага по стипендии за студирање надвор од земјава“, вели Луан Ештрефи, директор на Канцеларијата. Според него, алтернативни можности се проектитеJoinEuSEE, Euroweb и Eraweb, или стипендиите од програматаS4WB (стипендии за Западниот Балкан).

Во октомври претставници од Канцеларијата за меѓународни односи два дена учествуваа на Саемот на стипендии, кој се одржа во Скопје и на кој учествуваа 25 универзитети и фондации од Македонија, од регионов и од светот. Учеството на овој саем имаше за цел студентите од Македонија да се запознаат со понудата на стипендии на УЈИЕ како и со можностите за стипендии за студирање надвор од земјава.

Во рамките на активностите за промовирање на можностите за добивање стипендии за студирање надвор од земјава, во текот на октомври, ноември и на декември, Канцеларијата за меѓународни односи за студентите на Универзитетот успеа да ги донесе претставниците од фондациите и институциите, како што се: ДААД, Францускиот институт и Кампус Франц кој функционираат во рамките на Амбасадата на Франција во Скопје, Младинскиот форум за образование, а имаше и претставници од Словачката амбасада.

Слични активностите ќе продолжат и во наредниот семестар за кога се предвидени нови презентации на можностите за добивање стипендии за студентите од УЈИЕ, овозможувајќи на сите да бидат дел од академската заеднина која е во постојано движење.

Google+