Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Општините се обучуваат за агробизнис и за туризам

159143-TEMPUS-1-2009-1-HU-TEMPUS-JPCR Употреба на локални ресурси за микрорегионален развој – Одржлив агробизнис и туризам во Јужен Балкан



Во просториите на УЈИЕ во Тетово, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС) и Универзитетот на ЈИЕ организираа петдневна сесија за обука на тема„Употреба на локални ресурси за микрорегионален развој – одржлив агробизнис и туризам во Јужен Балкан. Сесиите за обука се одржаа на 7, 9, 12, 13, и14 декември, 2011година.

Главната цел на обуката беше да се подигне капацитетот на претставници од единките на локалната самоуправа во областа на земјоделството, шумарството и туризмот со цел да се осигури микрорегионален развој.

Целна група беа вработените од општините и секторите за урбанизам, за комунални прашања и за оние одговорни за животната средина. Обуките се дел од работните пакети на проектот кои треба да ги изведе ЗЕЛС во соработка со универзитетите партнери во Македонија.

Учесниците се од Полог и североисточните региони како и општините Долнени, Струга, Дебар, Зајас, Осломеј и Пласница.

Google+