Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ – Универзитет на Иднината

Интервју со проф. д-р Родерик Бамон, заменик-провост



1. Кој беше вашиот прв контакт со Универзитетот на ЈИЕ?

Јас прв пат слушнав за УЈИЕ додека работев како директор за наставни програми во Меѓународното училиште Тургут Озал во Тирана. Јас неформално го посетив УЈИЕ во 2007 година и Кампусот ми изгледаше „спектакуларно“ и потоа одлучив дека сакам да бидам дел од оваа мисија. Како резултат на тоа, јас контактирав со катедрата за англиски јазик и случајно ме ангажираа за предавање предмети по англиски јазик и образование.

2. По што се разликува Универзитетот на ЈИЕ од другите универзитети?

УЈИЕ се истакнува по отвореноста и свесноста за културата. Многу универзитети низ светот се повеќе концентрирани кон внатрешноста отколку кон надворешноста. УЈИЕ се создаде во атмосфера на сомнеж, недоверба и нееднаквост. Универзитетот се соочува со овие прашања и прерасна во високо почитувана институција не само во Македонија и во Балканскиот регион туку и нашироко низ светот. За нас се заинтересирани идни студенти од целиот свет и сега треба да делуваме да ги прифатиме овие студенти, нивните потреби и нивните надежи . УЈИЕ е единствен во способноста да ги опфати овие различни култури и етнички групи. Универзитетот мора да се движи напред во почитувањето на еднаквоста и праведноста , сепак јас верувам дека ова е фундаментално прифатено од сите не само во УЈИЕ туку и во Тетово исто така.

3. Какво е вашето мислење за студентите и за кадарот на УЈИЕ?

Јас секогаш имав многу пријатни чувства за нашите студенти. Јас многу ги ценам нашите професори од различни факултети и оддели . Имаме уникатни професори кои практично го пренесуваат огромното искуство и знаење . Нашите професори сакаат нивните студенти да успеат и јас сум импресиониран од начинот на кој професорите работаат со студентите надвор од часовите, учествуваат во активности надвор од наставната план-програма. Нашите професори издаваат и презентираат низ целиот свет и се почитувани од нивните современици. Студентите се прекрасни! Студентите пред сѐ меѓусебно се помагаат. Повеќето од нив се посветени на своите студии и нивните надежи за во иднина. Иднината на Македонија, Косово, Албанија зависи од овие студенти. Ова се луѓето кои ќе го обликуваат и оформат овој регион. Со нивната страст и љубов за татковината овој регион ќе стане успешен. Јас бескрајно уживам работејќи со студентите на часовите и во драмскиот клуб и клубот УТИЛИТА. Имаме многу талентирани лица и ми преставува чест што можам да им понудам поддршка.

4. Од позиција на асистент на провост – за академски работи како гледате на иднината на Универзитетот на ЈИЕ?

Канцеларијата на провост е прекрасно место за работа. На секој Универзитет канцеларијата на провостот треба да биде посветена и да работи напорно. Со оваа канцеларија Универзитетот помага да се насочува и да се создава иднината на Универзитетот во однос на академскиот углед. Јас уживам да работам со Пол Фостер. Пол има јасни насоки кои сака Универзитетот да ги следи и е посветен кон исполнување на овие цели. Презентираното во јавноста не ја претставува вкупната посветеност и работа која е вклучена во достигнувањето на целите на Универзитетот.

УЈИЕ има прекрасна иднина. Ние сме тековно сме во период кој се соочува со економска криза и зголемување на кампусите на државните Универзитети во земјава. Сепак ние се истакнуваме над другите . Ништо не може да се добие со озборување на конкуренцијата затоа јас гледам на позитивните аспекти за она што имавме и каде одиме во УЈИЕ. Имаме апликации од студенти од целиот свет да студираат тука , а исто така и професори од целиот свет се заинтересирани да бидат дел од нашата иднина. Ние тековно реализираме ревизија на наставните план - програми со која УЈИЕ ќе биде во тек со најновите универзитетски понуди низ целиот свет. Ние сме посветени на зголемување на меѓународниот аспект на Универзитетот истовремено не губејќи ја довербата и верувањето на студентите кои живеат во непосредната околина.

Јас предвидувам во следниве десет години УЈИЕ да стане вистински меѓународен кампус со студенти од целиот свет кои студираат тука. Сметам дека со одржување меѓународни и регионални конференции ќе ја зајакнеме репутацијата. Исто така и со промовирање на истражувањето и одредување репутација за академски успех но и со проширување на границите. Покрај се, ги гледам вредноста и угледот на нашите дипломи од првиот, од вториот и од третиот циклус како преземаат водство над другите во регионов и се истакнуваат по извонредноста, посветеноста и академската вештина. Кога семејствата дискутираат каде треба да студираат нивните деца првиот избор е УЈИЕ, Универзитетот на иднината.

Google+