Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Заедно да придонесеме за нашата заедничка визија „УЈИЕ 2.0“!

Проф. д-р Замир Дика, ректор



Универзитетите низ светот функционираат во средина на големи очекувања за напредок во општеството и во индустријата со цел да бидат конкурентни на глобалниот пазар на знаење, а воедно и да се соочат со финансиската криза и со рестриктивниот буџет. Во овој контекст, долгорочната одржливост на високообразовните институции останува и понатаму предизвикувачки приоритет.

Нашиот Универзитет не само според природата на неговото основање туку и според академската активност функционира преку интегрирање и креирање нови максими на единствен и успешен начин во последниве десет години, притоа останувајќи независен кон регионалните високообразовни системи кои сѐ уште се на крстопат во однос на следнава дилема: квалитетно високо образование или квантитет со слободен пристап.

Инвестирањето со над 35 милиони долари од САД, од Советот на Европа и од европските земји за изградба на модерен кампус и на интегриран универзитет со студиски програми споредливи со меѓународните стандарди, базирани на меѓународни искуства за размена на академски и административен кадар секогаш според најновите пристапи за менаџирање на предавањето и на учењето - осигурува доследност на стандардите на високото образование. Во меѓувреме, мисијата на Универзитетот која ја обликуваше слободата за користење на мајчиниот јазик како јазик за студирање (албански и македонски јазик) како и неколкуте програми понудени на англиски јазик создадоа мултикултурна средина со еднакви можности, давајќи ни можност да го промовираме новиот модел на високо образование во регионов и пошироко.

Новата фаза на Универзитетот ја именуваме како „УЈИЕ2.0“. Симболот 2.0 стои како акроним за најсофистицираните технолошки производи, при што корисниците директно се вклучени во нивниот развој. Ние сме во фаза на координација на научно-истражувачките активности со оние од претприемништвото, подобрувајќи ги соработката со деловната заедница и учеството во заедницата, ние вложуваме напори да го трансформираме Универзитетов во универзитет на третата генерација.

Универзитетот на Југоисточна Европа ќе продолжи со пренесување квалитет преку образување на новите генерации, идни лидери, посветени професионалци, слободоумни граѓани и со мотивирање на политичките авторитети за силна поддршка во сферата на високото образование меѓу локалните и регионалните универзитети, секогаш имајќи ја предвид зголемената конкурентност во оваа рапидна глобализација, но истовремено одржувајќи ги достоинството и културниот идентитет. Ова е реалност само ако се поддржуваат иницијативите меѓу универзитетите и само ако се поттикнуваат иницијативи на извонредност и на регионален интегративен напредок.

Нашите професори се најдобри и нашите студенти ќе бидат најуспешни само тогаш кога сите ние заедно ќе придонесуваме за оваа визија. Така, со овој просперитет ќе ја започнеме новата година, без одложувања на тековните напори за навремено постигнување на нашите цели и со поставување нови приоритетиза нас.

Google+