Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ – главен партнер за Македонија на најголемиот фонд на наслови на книги во светот во областа на економијата

Универзитетот на Југоисточна Европа склучи договор за соработка со Германската Национална Економска Библиотека. Оваа библиотека е најголемата во светот во областа на економијата со фонд од 4.1 милиони книги.



Универзитетот на Југоисточна Европа ќе биде главниот партнер на базата на податоци на Германската Национална Економска Библиотека со седиште во Киел и во Хамбург. Ова го изјави проф. Клаус Тотерман, директор на Економскиот Информативниот Центар Лајбниц на оваа библиотека, за време на неговата посетата на Универзитетов.

Професорот Тотерман, имаше средба со професорите, студентите и менаџментот на Универзитетот.

За време на средбата со ректорот проф. д-р Замир Дика, директорот Тотерман, рече дека УЈИЕ, ќе биде главниот корисник за Македонија на најголемиот фонд на наслови на книги во светот во областа на економијата. Исто така, се очекува Германската Национална Економска Библиотека да додели и стипендии за студентите од УЈИЕ.

Во рамките на оваа соработка веќе е реализиран првиот чекор во професионално усовршување на академскиот кадар. Двајца професори од Факултетот за современи науки и технологии се запишани на докторски студии и ќе ги менторира професорот Тотерман.

Google+