Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Претседателот на државава, Ѓорге Иванов му додели Орден за заслуги за Р. Македонија на Универзитетот на Југоисточна Европа

Претседателот на Република Македонија, д-p Ѓорге Иванов на свечена церемонија му додели Орден за заслуги за Република Македонија на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово на 18 ноември (петок) 2011 година.



Претседателот Иванов посочи дека овој универзитет станал силен промотор на толеранцијата, почитувањето на мултијазичноста, културниот диверзитет во наставата и научното истражување, развивајќи студиски програми со меѓународна перспектива и со тоа значајно придонел во напредокот на научната мисла и меѓуетничкото разбирање.

„Десет години функционирање на еден универзитет како што е Универзитетот на Југоисточна Европа е краток период, но во контекст на динамиката на развојот на настаните, начинот на оснивањето и мисијата на оваа високообразовна институција, влијанието кое го имаше во високообразовната мрежа во Република Македонија за задоволување на општествените потреби и воспоставување на препознатливи и посебни високообразовни вредности споредливи со најмодерните високообразовни стандарди и трендови – добива историска димензија оставајќи свој белег“,речеректорот на Универзитетот, проф. д-р Замир Дика.

Google+