Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ му додели титула почесен доктор на науки на ректорот на Универзитетот Индијана проф. д-р Мајкл А. Мек Роби

На формална академска церемонија на 19 ноември 2011 година, Универзитетот на Југоисточна Европа му додели титула почесен доктор на науки на ректорот на Универзитетот Индијана.



Ректорот на УЈИЕ Замир Дика , претседателот на Одборот на Универзитетот Денис Фарингтон и провостот Пол Фостер го придружуваа ректорот во текот на неговата посета.

Покрај ректорот Мек Роби делегацијата од Универзитетот во Индијана беше претставена од првата дама Лори Брнс Мек Роби, заменик-ректорот за меѓународни програми Дејвид Зарет и директорот за меѓународни односи за алумни Ерик ДеХан . Мек Роби исто така беше присутен и на церемонијата во ноември 2001 година во Тетово кога и официјално започна функционирањето на УЈИЕ.

Почесниот доктор на науки Мајкл А. Мек Роби, меѓу другото истакна: „Ми претставува чест што сум повторно тука во Тетово на Универзитетот на Југоисточна Европа, по десет години од неговото основање во 2001 година. Јас сум горд што бев тука на почетокот и сум уште погорд што се враќам за доделување на титулата почесен доктор на науки. Нема поголема чест од таа што еден Универзитет може да ја даде и да покани некој да учествува и да биде на ранг на своите дипломци и јас сум многу благодарен за тоа.

Важно е да се запомни дека УЈИЕ е институција на 21. век. Вие сте обликувачи на културата на интелект која ќе биде основа и која ќе продолжат да ја градат новата генерација на професори и професионалци. И вие сте чувари кои ќе осигурат дека структурите кои ги создадовте на најдобар начин во иднина ќе служат на факултетите и на студентите на УЈИЕ.“, рече меѓудругото почесниот доктор на науки Мек Роби.

Универзитетот Индијана и Универзитетот на Југоисточна Европа имаат десетгодишна соработка. Во 2001 година УСАИД му додели грант на Универзитетот Индијана за да му помогне на Универзитетот на ЈИЕ во раната фаза на развој. Во 2004 година, УСАИД му додели втор грант на УИ за подобрување на квалитетот на програми. Во текот на овој период на соработка, над 40 членови од академскиот и од административниот кадар го посетија Универзитетот Индијана и учествуваа во програмите за обука, на магистерски и на докторски студии. Во исто време 15 професори и административен кадар од Универзитетот Индијана ја посетија Македонија.

Google+