Во рамките на одбележувањето на јубилејот беше откриена биста на основачот на Универзитетот Макс ван дер Штул, во присуство на ќерката и синот на покојниот дипломат Штул.
Беа доделени и посебни признанија на претставници од дипломатскиот кор во Македонија, на повеќе универзитети и институции, на истакнати професори и поединци, а Мајкл Мек Роби – ректор на Универзитетот во Индијана, САД, ја доби титулата почесен доктор на науки.
Исто така низ 100 фотографии – по 10 десет за секоја година како и низ 10-минутниот документарен филм на симболичен начин беше прикажано 10-годишното чекорење на Универзитетот.
Претходно, на 18 ноември 2011 година, со доделувањето на благодарница и на часовници за сите вработени (66), кои имаат10 години работен стаж на УЈИЕ од претседателот на Одборот, Денис Фарингтон, и со доделувањето на благодарница за тројца пензионирани професори од ректорот проф. д-р Замир Дика, во петокот (18 ноември 2011 година), започнаа активностите за прослава на 10-годишнината од основањето на Универзитетот. Во рамките на оваа манифестација се промовираа и шестмина доктори на науки.
Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Замир Дика, по овој повод рече дека Универзитетот продолжува да биде посветен на својата мисија – промовирање на високото образование на албански јазик и истовремено овозможување на мултијазично и мултикултурно образование во Македонија.
На свеченоста присуствуваше министерот на образование и наука, Панче Кралев, според кого Универзитетот успеал да даде историска димензија на образованието и мултиетничноста во Македонија иако постои само 10 години.
Според претседателот на Одборот на Универзитетот на ЈИЕ, проф. д-р Денис Фарингтон „Овој Универзитет секако е единствена приватно-јавна институција во земјава и во регионов со сопствен организациски и деловен модел во кој функционираат проценувањето на ризик и стратегискотопланирање во реално време. Ние постојано се обидуваме да изнајдеме начини за соработка со Владата и со другите ентитети и да обезбедиме финансиска одржливост како и да продолжиме со понуда на високо квалитетни програми кои ќе бидат корисни и за индивидуите и за економијата и во исто време ќе направиме значителен придонес за заштита на животната средина.