Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Универзитетот на Југоисточна Европа - една деценија во служба на учењето

Поставувањето статуа, подготовка на документерен филм и посебна прослава се некои од планираните активности кои ќе се организираат по повод 10-годишнината од основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа.



Главниот настан во рамките на одбележувањето на основањето на Универзитетот е свечената церемонија на доделувањето на титулата почесен доктор (Honoris Causa) на ректорот на Универзитетот Индијана проф. д-р Мајкл А. Мек Роби.Централната манифестација ќе се одржи на 19 ноември 2011 година, на која е предвидено да се одржи церемонијата на доделувањето на титулата почестен доктор, по која ќе следи инаугурацијата на бистата на починатиот Макс ван дер Штул а ќе заврши со премиерата на документарниот филм за 10 годишнината на основањето на Универзитетот.Пред централниот настан предвидено е да се одржат неколку активности и тоа доделување пригодни подароци во чест на сите вработени кои наполнија 10 години работа во оваа институција, промоција на последните дипломирани студенти на докторски студии и богата културно-уметничка програма.

Google+