Семинарот ги собра на едно место студентите по докторатура и нивните ментори за да можат студентите да ги презентираат нивните трудови и менторите да ги дадат своите коментари и сугестии.
Оваа година, асистентите од Факултетот за бизнис и економија на УЈИЕ (Луан Ештрефи, Селма Куртиши и Шенај Хаџимустафа) ги претставија своите најнови откритија на нивните докторски дисертации и добија позитивни коментари и повратни информации од нивните ментори. На семинарот своите трудови ги презентираа и кандидатите од другите партнерски универзитети.
Европскиот семинар за студии по докторатура се организира како резултат на соработката помеѓу факултетите за бизнис економија од следниве универзитети: Универзитетот во Бамберг (Германија), Универзитетот во Сараево (Босна), Универзитетот за технологија и економија од Будимпешта (Унгарија), Универзитетот на Капошвар (Унгарија), Универзитетот во Тирана (Албанија) и Универзитетот на Југоисточна Европа.
Оваа година, во согласност со идејата за јавно-приватно партнерство, УЈИЕ беше во можност да обезбеди финансиски средства за овој настан од мултинационалната компанија Еколог.
По успешниот семинар, сите презентирани трудови ќе бидат објавени во меѓународно издание.