Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Бруцошите ја започнаа академската година

Новозапишаните студенти на УЈИЕ на 15 септември 2011 година имаа можност да се запознаат со функционирањето на Универзитетот, правилата и одговорностите кои ги чекаат во текот на нивните студии.



Новозапишаните студенти на УЈИЕ на 15 септември 2011 година имаа можност да се запознаат со функционирањето на Универзитетот, правилата и одговорностите кои ги чекаат во текот на нивните студии, земањето ИД -картичка, подгодтвување распоред, рабоатата со различни софтвери кои ќе им служат за време на студирањето.

„ Бидете сигурни дека како студенти на Универзитетот на Југоисточна Европа, ќе се чувствувате посебни, затоа што ќе учите во најубавата животна средина во регионов со услови за студирање на кои може да им завидат и голем број европски универзитети“,рече ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика.

На новите студенти добредојде им посака и проректорот за академски прашања проф. д-р Пол Фостер, кој побара од нив да бидат креативни, храбари, вредни, со цел да имаат светла иднина. Претседателот на Студентската унија на УЈИЕ, Пјатим Тачи, рече дека Универзитетот на ЈИЕ е најдобар избор за инвестиција во нивната иднина. Тој побара од новите студенти тесно да работаат со Унијата и да бидат активен дел од неа, бидејќи таа е создадена за нивниот интерес.

Покрај тоа, бруцошите беа запознаени со главните универзитетски служби, како што се Студентскиот сервис, службата за ИТ, библиотеката, центарот за кариера. Најангажирани за време на ориентационата недела беа вработените во Студентскиот сервис кои им помагаа на студентите полесно да се прилагодат за добар почеток на академската година.

Студентите преку прирачници подготвени специјално за „ориентационата недела“, беа подетално информирани за голем број услуги почнувајќи од приемот, финансиската поддршка, запишувањето итн.

Google+