Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Зелена зграда на зелена површина

Ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика, министерот за Животна средина и просторно планирање на Македонија, г-дин Абдилаќим Адеми и амбасадорот на Италија во Македонија, г-дин Фабио Кристијани, во четврток (29 септември 2011 година) официјално ја пуштија во употреба еколошката зграда, со нула емисија на штетни гасови.



Системот кој користи алтернативни извори на енергија, зелената боја и внатрешноста на зградата веднаш не предупредуваат дека објектот на Институтот за животна средина на УЈИЕ е поразличен од другите згради во кампусот на Универзитетот. Но, во што е разликата? Овој објект е само почеток на еден поголем проект кој има за цел да го трансформира Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово во единствен универзитет во регионот на Југоисточна Европа кој во целост користи обновливи извори на енергија.

Вработените во Институтот велат дека студентите често се прашуваат зошто овој објект е различен од другите. Одговорот е секогаш ист. Сите други објекти во овој Универзитетски кампус ќе бидат слични. Примарна цел на овој проект е УЈИЕ да биде кампус со ниска емисија на гасови.

Ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика, министерот за Животна средина и просторно планирање на Македонија, г-дин Абдилаќим Адеми и амбасадорот на Италија во Македонија, г-дин Фабио Кристијани, во четврток (29 септември 2011 година) официјално ја пуштија во употреба еколошката зграда, со нула емисија на штетни гасови.

Во неговиот поздравен говор, ректорот Дика рече дека оваа зграда е резултат на тесната соработка меѓу двете земји во корелација со соодветните универзитети. Ова покажува висок степен на свест за овој феномен што директно влијае врз квалитетот на нашиот живот.

„Во текот на имплементацијата на проектот во последните три години успеавме да ја создадеме и да ја вклучиме локалната експертиза на Универзитетот. Наша стратешка цел е искористување на постојните капацитети, давање свој придонес во подигање на свеста за животната средина и да придонесеме Р. Македонија да стане регионален центар во кој се промовира еколошката технологија“, рече меѓу другото ректорот Дика.

Министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, г-дин Абдилаќим Адеми, изјави дека „Овој проект е пример кој треба да служи и во иднина.“

Преку овој проект директно придонесуваме во имплементацијата на Климатскиот Акционен План.

„Во оваа насока, ние во иднина сме подготвени да соработувааме не само со Италија, но и со други партнери, со единствена цел да придонесеме за заштита на животната средина“, рече министерот Адеми.

Амбасадорот на Република Италија во Македонија г-дин Фабио Кристијани рече дека има чест да присуствува на пуштањето во употреба на овој објект, за кој инвестираше и Италија, посебно во областа на еколошката технологија.

„Овој проект праќа една убава порака до новите генерации кои студираат на овој Универзитет. Ова е позитивен знак за соработка меѓу двете земји. УЈИЕ претставува пример како треба да се спроведат вакви проекти “, рече амбасадорот Кристијани.

„Одржлива енергетска зграда“, е новото име на зградата на Институтот за животна средина и здравје на УЈИЕ.

Директорот на овој институт проф. д-р Муртезан Исмаили, вели дека овој објект го носи ова име поради технологијата за енергетика која ја донираше италијанската амбасада.

„Во оваа зграда има инсталирано технологии за производство на алтернативна енергија, со што се намалува емисијата на јаглерод диоксид“, рече директорот Исмаили.

Се нарекува „одржлива“ зграда поради тоа што произведува енергија која е неопходна за нормално функционирање на овој објект. Опремена е и со технологија која ги мери еколошките параметри на Кампусот.

Инсталираните уреди овозможуваат да се подготват неделни, месечни и во подолгорочни извештаи за енергетска ефикасност и други параметри на животната средина.

Google+