Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Натпревар за Шангајска листа

Рангирањето на универзитетите на државно ниво се изведува според одредени критериуми , кои играат важна улога во конечниот резултат од рангирањето. Ова е листа на рангирање на високо ниво со која се покажува полето на активност на универзитетите во земјава и надвор од неа.



Во нашиот случај универзитетите во оваа „трка“ се соочуваат со конкуренцијата на државно ниво. Со цел да бидеме успешни во овој процес нам ни се потребни конкретни активности . Нашата предност, во исто време ќе ја зголеми атрактивноста во истражувањето и развојот на универзитетот, обезбедувањето квалитет и ќе го зајакне влијанието на нашиот универзитет во земјава и во регионов и ќе придонесе нашиот универзитет да биде атрактивен за новите генерации на студенти и ќе се зголеми интернационализацијата на нашиот академски кадар и студенти.

Сега е неопходно да се зајакнат капацитетите на Универзитетот на ЈИЕ како уникатна институција, а не индивидуалните компоненти. Со цел да имаме задоволително рангирање на Универзитетот, процесот треба да биде изведен врз основа на јасни критериуми со кои ќе се истакне нашата компаративна предност врз другите универзитети во земјава.

Листата е подготвена преку евалуација на следниве податоци : вкупен број на запишани студенти, број на странски студенти, број на запишани студенти кои добиле стипендија од Министерството за образование и наука, вкупен број студенти на додипломски студии, број на академски кадар со докторатура или други звања, годишни трошоци за ресурси во библиотека, годишни трошоци за ИТ инфраструктура и опрема, број на дипломирани студенти на додипломски студии, број на дипломирани студенти на додипломски студии кои дипломирале во регуларен период, вкупен приход од истражување, приход за истражување од Министерството за образование и наука, број на трудови индексирани од Web of Science, број на издадени книги итн.

Google+