Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Подготовки за акредитација на Докторската школа

Универзитетот на Југоисточна Европа ги извршува крајните подготовки за акредитација на Докторската школа. За оваа цел на 24 август 2011, се одржа работилница за процесот за акредитација на докторската школа.



„Ние сме подготвени и ги имаме капацитетите да започнеме со докторската школа. Ова е еден од критериумите со кој високообразовната институција може со полно значење на зборот да се нарече „Универзитет“ на меѓународно ниво “ рече Ректорот проф. д-р Замир Дика во својот поздравен говор. Според ректорот Дика, УЈИЕ има кадар, инфраструктура и административни капацитети за да започне со Докторската школа.

Се воспоставија работни групи од секој факултет во работилницата, а резултат беше презентација за пополнување на формуларите кои се дел од Докторската школа.

Во согласност со Законот за високото образование , Универзитетот на Југоисточна Европа тековно нуди докторски студии според менторски систем.

Google+