Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Кои се финансиските олеснувања за студирање на УЈИЕ?

Оваа академска година, УЈИЕ ќе додели 162 стипендии а сите кандидати имаат еднакви можности да го полагаат квалификациониот испит. За прв пат годинава бизнис - заедницата доделува стипендии, додека „Стопанска банка“ и „Тутунска банка“ обезбедија олеснувања за плаќање на студиите на УЈИЕ преку системот на кредитирање.



Во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово и во Скопје, во првиот уписен рок во новата академска година се пријавиле околу 700 кандидати

„Оваа бројка е задоволителна за нас и досега се пополнети околу 50 проценти од слободните места за студирање“, изјавиДемуш Бајрами, советникнаректоротза односи со јавност и комуникација. Тој вели дека закандидатите кои немаа комплетна документација, државана матура, или било кој друг документќе бидат запишани откако ќе јакомплетираат истата.
Канцеларијата за прием претстави детален преглед за првиот уписен рок нафакултетите на УЈИЕза академската 2011/2012година . Така, на Факултетот за Бизнис и економија аплицирале 149 кандидати, на Факултетот за јавна администрација и политички науки 144, на Факултетот за современи науки и технологии 142, на Правниот факултет 141 и 90 на Факултетот за јазици, култури и комуникација.
„Како единствен со статус на јавен-приватен и непрофитен универзитет сериозно ја реализира својата мисија во создавање квалификувани кадри, ценети од компаниитеи конкуренцијата на глобалниот пазар“, изјави ДемушБајрами.

Имајќи ја предвид јавната вредност во која Универзитетот инвестира оваа година ја проширивме понудата со три нови студиски програми, и тоа : Агробизнис, Туризам и Лидерство.

Google+